Видео запис од промоцијата на „Двојна експозиција“

Прекрасна беше таа шесто-септемвриска вечер. Дојдоа драги луѓе кои тие два-три часа си поминаа убаво во МКЦ Клуб ресторанот, на крајот заминувајќи со големи насмевки на лицата кои оддаваа задоволство. И реакциите по неколку дена само ја потврдуваа оваа констатација. Имавме топ промотори (Ана Мартиноска и Владимир Мартиновски) и потентен скопски пост-панк бенд кој квалитетно не’ размрда (Хајка). Па што би посакале повеќе?

Во наплив на еден куп промовирани книги во пост-пандемискиот период, промоцијата на „Двојна експозиција“ уште еднаш покажа и докажа дека книжевните настани можат да се одвиваат и во поинакво, попријатно светло.

Повелете видео запис од настанот 😉

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *