Биографија

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста… а во последниве петнаесет години, како ко-сопственик и уредник во издавачката куќа „Или-Или“, отворено партиципира и ја креира книжевната сцена во Mакедонија преку изданијата во популарната едиција ПРОаЗА, во чии рамки свое место најде и новата генерација на македонски писатели, чии книги се закитија со неколку национални награди „Роман на годината“, како и со престижната „Европска награда за литература“.

Својата нулта, самиздат книга „Четири“ ја објави во 1996 година под псевдонимот Ангел Горски. Официјалното деби како писател го имаше во 2006 година со збирката раскази „Кротки приказни“ (2006), која беше и првата објава во едицијата „ПРОаЗА“ од домашен автор, и чии раскази беа објавени во неколку балкански книжевни списанија. Потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013), кои исто така наидоа на одличен прием кај читателите и кои доживеаја втори изданија. Во „пандемичната“ 2020 година излезе неговиот нов роман „Шрапнел“.

Анѓелков е препознатлив и по медиското третирање на филмската уметност, со кое активно се занимава од 1997 година како автор на филмската радио-емисија „РЕДРУМ“ на Канал 103 (1997-2003), како и на филмскиот магазин „Филмополис“ на ТВ Телма (2003-2014). Досега има членувано во жиријата на неколку домашни фестивали, член е на меѓународната организација на филмски критичари „Фипресци“ со која ќе го скрши мразот во спетември 2019 со првото учество во Фипресци жири на Фестивалот за краток филм во Драма, Грција, а од лани е програмски директор на Фестивалот на дебитантски филм „Киненова“ во Скопје. Зад себе има и две публицистички дела од областа на филмската уметност: „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во 2016 година, и „Филмски град“ (2018).

 

Biography

Igor Angjelkov, born 1974, graduated at the Interdisciplinary Journalism Studies, and
completed his master’s degree in Media and Communications at the Iustinianus Primus
Faculty of Law – Ss. Cyril and Methodius University in Skopje. He is actively engaged in thе
periodicals with many critiques and reviews in the fields of literature, music and film.
During the last fifteen years he has actively participated in and created the literary
scene in Macedonia through the publications in the popular edition PROaZa, which includes
many authors from the new generation of Macedonian writers whose books have won many
international awards like “Novel of the Year” as well as the prestigious “European Literature
Award”.

In 1996 his first self-published book was issued under the pseudonym Angel Gorski. His official debut as a writer was in 2006 with the short story collection “Krotki Prikazni” (2006), which was the first publication from a domestic author in the PROaZA edition, and whose stories were published in a few literary magazines in the Balkans. Furthermore, his novels “Kraj-pat” (2010) and “Foto sinteza” (2013) had an excellent widespread reception and had several re-editions. In the “pandemic” 2020, his new novel “Shrapnel” was published.

Angjelkov is known for his film commentary in the media as an author of the film radio show “REDRUM” on Kanal 103 ever since 1997 and of the film magazine “Filmoposlis” on TV Telma. He is a member of the international film critic organization FIPRESCI, and from this year, he is the program director of the International Film Festival „Kinenova“ Skopje. His oeuvre includes two journalistic works in the field of film art: “Film.mkd”, which won the State Publication Award “Mito Hadjivasilev – Jasmin” in 2016, and his latest work “Filmski Grad” (2018).

Bibliography

Krotki prikazni (ILI-ILI, 2006), short stories
Kraj-Pat (ILI-ILI, 2010), novel
Foto sinteza (ILI-ILI, 2013), novel
Film.mkd (ILI-ILI, 2015), film essays
Filmski grad (ILI-ILI, 2018), film essays
Shrapnel (ILI-ILI, 2020), novel

 

Контакт