Таг архива: промоција

Фото галерија + видео од промоцијата на романот „Мина“

По се’ изгледа, синоќа го дофативме оној магичен момент што нетрпеливо се очекува да се случи на промоциите. Тоа ми го посведочија присутните со насмевките на нивните лица, и тоа е најважно: кога посетителите се супер задоволни. Драги пријатели, Ви благодарам на Вашето присуство на синоќешниот настан во „Буква“, полно ми е срцето!

Читај повеќе

Промоција на романот „Мина“

Почитувани пријатели, утревечер, петок, 15 септември, со почеток во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“, ќе се одржи промоцијата на романот “Мина“. Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Максим Ристески, кои низ разговор со авторот ќе се обидат да дојдат до суштината на ова дело, кое беше објавено во мај како 222 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. Ова е шеста прозна книга на писателот, а негов четврти роман. Промоцијата е воведен настан на фестивалот „АртАреа“, кој за време на викендот нуди и други возбудливи книжевни доживувања.  

Читај повеќе

„Хрониките за Мало и Вело мисто“ од Миљенко Смоје

По повод 100-годишнината од раѓањето, промоција на реизданијата на култните книги на Миљенко Смоје, „Хрониките за Мало и Вело мисто“, на затворањето на „Сплитско лето“. Учествуваа Феѓа Клариќ, Јосип Антиќ, Ивица Иванишевиќ и дизајнерката на кориците (и кутијата), Тисја Кљаковиќ Браиќ.

Читај повеќе

Промоција на творештвото на Снежана Младеновска Анѓелков во Сплит

Во пријатна атмосфера и со убава посетеност (со оглед на тоа дека се работи за врв на летната сезона), синоќа во градината на одделот „Далматина“ на градската библиотека „Марко Марулиќ“ се одржа меѓународниот книжевен разговор „Диску(р)сија“ со Снежана Младеновска Анѓелков и Лујза Бухаруа од Хрватска, во рамките на „69. Сплитско лето“. Разговорот одлично го водеше преведувачката и промоторка Патриција Хорват.

Читај повеќе

Видео запис од промоцијата на „Луѓето, а не градот“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Потсетување на промоцијата на третата прозна книга на Жане насловена „Луѓето, а не градот“. Видео запис од вечерта на која главна тема беа приказните за Скопје кое (најверојатно) веќе не постои, но опстојува во сеќавањата на неговите жители, затоа што, како што вели и поднасловот на делото: „Она што се памети – живее“.

Читај повеќе

Посветено на Благоја Иванов

На 7 март во Салон 19.19 при КИЦ во Скопје се одржа промоцијата на „Луѓето,а не градот“ на Снежана Младеновска Анѓелков. Книгата е посветена на старите скопски маала низ искази на луѓето кои интензивно го живееле маалскиот живот во главниот град во средината на минатиот век. Еден од најревносните хроничари на скопскиот живот во своите прозни дела беше професорот и писател Благоја Иванов, кому авторката му оддаде почит со видео запис во воведот на настанот, напоменувајќи ја токму таа негова посветеност на родниот град низ сиот свој творечки опус.

Читај повеќе

Промоција на „Засолниште во времето“ од Георги Господинов

На 1 декември наш и Ваш гостин беше Георги Господинов. По промоцијата на наградуваниот роман „Физика на тагата“ во 2015 година во Старата скопска чаршија, овој пат писателот го угостивме во киното „Фросина“ во МКЦ, кое беше исполнето до последното место. Имавме прекрасни промотори и љубопитна публика. Се случи уште една книжевна вечер за долго сеќавање.

Читај повеќе

Видео запис од промоцијата на „Двојна експозиција“

Прекрасна беше таа шесто-септемвриска вечер. Дојдоа драги луѓе кои тие два-три часа си поминаа убаво во МКЦ Клуб ресторанот, на крајот заминувајќи со големи насмевки на лицата кои оддаваа задоволство. И реакциите по неколку дена само ја потврдуваа оваа констатација. Имавме топ промотори (Ана Мартиноска и Владимир Мартиновски) и потентен скопски пост-панк бенд кој квалитетно не’ размрда (Хајка). Па што би посакале повеќе?

Читај повеќе

Фото галерија од промоцијата на „Двојна експозиција“

Голема благодарност до сите драги луѓе кои одвоија време и ми укажаа чест со присуството на промоцијата на мојата нова книга „Двојна експозиција“.

Читај повеќе

Промоција на „Тупаници“ од Пјетро Гроси

На 27 август се случи уште една прекрасна промоција на европски автор. Гостин на ИЛИ-ИЛИ и на домашната читателска публика овој пат беше наградуваниот италијански писател Пјетро Гроси.

Читај повеќе