Архива за категоријата: Книжевност

Како долгогодишен ко-сопственик и уредник во ИЛИ-ИЛИ, во оваа рубрика ќе се обидам да го претставам најдоброто во нашето издаваштво, но и интересот како писател за книгите кои ме воодушевиле и оние кои штотуку треба да ги откријам.

„Ако“ од Радјард Киплинг

Англискиот писател Радјард Киплинг се’ уште ја држи титулата „најмлад книжевен Нобеловец“. Тој ја доби престижната награда во 1907 година на 41-годишна возраст. Неговата најпозната песна „Ако“ (If) ја напишал три години подоцна, и во многу анкети е прогласена за најубава на сите времиња. Песната му ја посветил на својот син.

Денеска Ана Пејчинова ја доби наградата „Драги“ токму за преводот на поезијата на Киплинг („Избрани песни“, Полица, 2024). Честитки за авторката, која во моментов е актуелна со авганистанските дневници насловени „Пустинско срце“ (ИЛИ-ИЛИ, 2026). Во продолжение, нејзиниот препев на легендарната „Ако“:

Читај повеќе →

Нобелова за Ен Карсон

Нобеловата награда за литература за 2026 година ѝ е доделена на канадската авторка Ен Карсон, „за нејзиниот смел и иновативен опус кој, во разигран дијалог со класичната традиција, создаде нови форми во современата литература“.

Читај повеќе →

Личниот пекол на Данте

Во 1302 година, Данте Алигиери бил протеран од Фиренца. Казната била строга. Неговиот имот бил конфискуван. Бил обвинет за корупција и политичко недолично однесување. Кога одбил да се појави пред властите, казната станала уште построга. Ако некогаш се врател во Фиренца, можел да биде жив изгорен. Тој заминал и никогаш повеќе не го видел својот град.

Читај повеќе →

Три песни од Ненад Јолдески

По неколкуте прозни книги, деновиве Ненад Јолдески е актуелен со својата прва стихозбирка насловена „Како паѓаме јас и ти“ во издание на „Бегемот“. Книгата беше промовирана во рамките на книжевниот фестивал „АртАреа под Kрошна“, содржи 29 песни, а во продолжение, по субјективен избор, читаме три од нив 😉

Читај повеќе →

Тања и детето не се добри

Пред да дочека да умре, да, сега веднаш… тука на студената земја под липата, Тања ми зборуваше дека животот е (отсекогаш бил!) претежок за неа; дека не може да врзе крај со крај, дека многу работи ѝ тежат, и не гледа како би можела да најде решение за истите.

„Сѐ е толку тешко… дури и умирањето…“, ми вели, и ми ја стегнува раката како да сака да ми го покаже тоа со нанесување на физичка болка еквивалентна на болката што ја чувствува. Не се обидувам да ја извлечам раката од нејзината, дозволувам подраснатите нокти да ми ги зарие длабоко во кожата. Јас сум ѝ како гранка за спас, тука да си ја одмори душата.

Читај повеќе →

можеби требаше да речам не

можеби требаше да речам не, требаше ли да ја прифатам поканата вечерва да прошетаме заедно по партизанска, по булеварот на липите, проклетите липи кои толку ги сакав во младоста, нивниот заводлив мирис, нивната шармантна присустност, но тоа беше некогаш, денес е нешто сосема поразлично, денес седам дома затворен и ретко излегувам, фала богу работам онлајн и нема потреба да го напуштам домот, а зарем не сум сакал отсекогаш да бидам дома и само дома, затворен со моите книги, музики, филмови, иако сум свесен дека одвреме-навреме треба да се социјализирам, да се дружам со луѓето, да се видам со пријателите,

Читај повеќе →

За емпатијата и љубовта кон книгите

Сопственик на книжарница во Саутемптон, Англија, побарал помош бидејќи се селел во друг дуќан поради високата кирија. Човекот бил изненаден од одзивот на 250 луѓе, меѓу кои имало помлади, постари и лица со попреченост. Тие формирале човечки синџир во кој префрлиле неколку илјади книги, и тоа од рака на рака од старото место на новото, на растојание од 152 метри, и сето тоа за нешто повеќе од еден час.

Читај повеќе →

Илинден

Баба ми Илина се родила четиринаесет години по Илинденското востание.
Којзнае како ја преживеала Првата светска војна.
Баба ми Илина била играорка, така го запознала дедо ми.
Многу ора минале додека се „шмекале“.
Таа била две години постара, тоа тогаш било „во мода”.

Читај повеќе →

„Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова

Денес од печат излезе новиот роман на Јана Узунова насловен „Коулун, заградениот град“, како јубилејно, 250-то издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. По првенецот „Вергина“ од 2019 година, авторката продолжува да ни „подарува“ интригантни книги со автентичен печат, несвојствени за македонската книжевна сцена.

Читај повеќе →