Архива за категоријата: Уметност

Колку што гледањето филм или читањето на книга може да биде одлично патување, така и ликовната и останатите видови на уметност ми даваат големо задоволство. Иако звучи „old school“, но на патувањата секогаш одвојувам време за посета на музеите.

„Музеј на неонски реклами“ во Варшава

Кога за прв пат посетувам некој европски град, сакам да ѕирнам во неговите скриени тајни. Варшава е прекрасна, микс од социјалистичкото минато и наездата на новото, неизбежното. А кога веќе го споменувам терминот „неизбежно“, кај и да си, од кој агол да погледнеш врз градот, те демнее Палатата на културата и науката, која Советскиот сојуз и’ ја „подарил“ на Полска во 1955 година. Грандиозното здание во кое во текот на Студената војна се одигрувал комплетниот културен живот на метрополата, и денес ја врши сличната функција – во него се сместени Кинотеката и нејзините девет кино сали, два театри, еден куп музеи, и што уште не. А да, таму е и темата на денешниот текст – Музејот на неонските реклами, единствен во Европа, и само еден од неколкуте во светот.

Читај повеќе →

„Герника“ на Пикасо

Во септември 1981 година, по неколкудецениско отсуство, „Герника“ (Guernica), една од најпрепознатливите слики на Пабло Пикасо, беше вратена во Шпанија. Насликана во 1937 година, по бомбардирањето на малото истоимено баскиско гратче од страна на нацистичките и фашистичките авиони, кои го поддржувале режимот на генералот Франко, Пикасо го создал ова незаборавно дело кое стана силен антивоен симбол во светската историја.

Читај повеќе →

Првата фотографија на Сонцето

Во 1845 година, двајца француски физичари снимиле нешто што човештвото никогаш пред тоа не видело: Сонцето зачувано на фотографија. Користејќи го релативно новиот процес на дагеротипија, Луи Физо и Леон Фуко го снимиле сончевиот диск со извонредни детали за своето време. И покрај примитивната опрема, темните сончеви дамки веќе биле видливи на светлата површина.

Читај повеќе →

Библиски мотиви во македонското сликарство

По повод христијанскиот празник Велигден, повелете мала галерија со библиски мотиви од (историјата на) македонското сликарство, во која се вклучени сликите на пет некогашни и актуелни уметници: Димитар Андонов Папрадишки, Лазар Личеноски, Глигор Чемерски, Александар Станковски и Никола Пијанманов.

Димитар Андонов Папрадишки – Самарјанин (1943, масло на лесонит, 55х40, НГМ)
Читај повеќе →

Пролет

Сликата „Пролет“ (околу 1480) од Сандро Ботичели е комплексна, алегориска слика што ги слави пролетта, љубовта и плодноста, веројатно создадена за свадбата на Медичи. Таа прикажува девет фигури од класичната митологија како напредуваат по цветен тревник во шума од портокали и ловорови дрвја, вклучувајќи ги Венера, Флора и Трите Грации – што претставуваат премин од сурова страст (Зефир/Хлорис) кон цивилизирана љубов и божествена убавина, отелотворувајќи ги ренесансните неоплатонски идеали.

Читај повеќе →

„Национален музеј на планината“ во Торино

Кога се наоѓате во пазувите на првиот главен град на Италија, неизбежно е да ги посетите знаменитостите во центарот на градот, како „Кралскиот музеј“ и Музејот и црквата на Светиот покров, но уште подобро е доколку нешто пријатно Ве изненади. Тоа ми се случи со сосема неочекуваното откривање на музејот посветен на планината во Торино, како прво искуство од ваков вид во животот. Веројатно низ светот постојат многу вакви тематски музеи посветени на убавините на нивните величества – планините, но еве, судбината сакаше за мене тоа да се случи токму на северот на Италија и токму во подножјето на величествените Алпи, кои гордо стојат на кровот од Европа.

Читај повеќе →

Студиото „Бабелсберг“ и музејот во Потсдам

Едно од задолжителните места во распоредот при посетата на Берлин беше германската Кинотека и музејот во нејзините рамки. За жал, таа беше во процес на преселба и реновирање, и единствената алтернатива што остана е посетата на славното студио „Бабелсберг“ надвор од градот. Тоа значеше дека со супер организираниот јавен превоз требаше да се патува 30-40 минути до славното гратче Потсдам, во кое, да потсетиме, во 1945 година, по завршувањето на Втората светска војна, тројцата лидери Сталин, Рузвелт и Черчил ја кроеле судбината на светот. Oттаму студијата се оддалечени 5 километри. Речено-сторено!

Читај повеќе →

Филмски плакати

Посетата на возбудливиот „Национален музеј на филмот“ во Торино ја заокружуваме со последниот напис од трилогијата, посветен на филмските плакати, и тоа на роденденот на филмската уметност, на 28 декември. Се сеќаваме, на овој датум во 1895 година се случи првата официјална проекција во „Гранд кафе“ во Париз на филмовите на браќата Лимиер, по што светот дефинитивно не остана ист.

Речиси цел еден кат во музејот е резервиран за постерите кои ги најавувале легендарните остварувања, за потоа, како и самите филмови, засекогаш да останат во сеќавањата на филмофилите. Отпечатени на големи формати за да можат посетителите да уживаат во секој нивен детал, навистина беше задоволство да се погледне трудот на дизајнерите, секој со свој автентичен печат во времето во кое живеел и творел. Ја започнуваме прошетката низ филмската историја со помош на филмските плакати, најпрво со единствениот Шарло акробатот, а веднаш по него и незаборавното „камено лице“ на Бастер Китон. Уживајте 😉

Читај повеќе →

Прошетка низ филмската историја

Во вториот дел од трилогијата насловена „Посета на Националниот музеј на филмот“ во Торино, се задржуваме на најатрактивниот дел од поставките во срцето на „Антонелијана“, кои ја раскажуваат сто и кусур годишната историја на седмата уметност низ приказни, експонати, сеќавања… Се разбира, најфасцинантен е централниот дел со лифтот кој води угоре до видиковецот, од каде го гледате градот на дланка. Сценографијата наликува на онаа од „Блејдранер“, и навистина е незаборавно барем половина час да си седиш долу и ништо да не правиш, бидејќи се’ околу тебе е осмислено барем за момент да побегнеш во друга (филмска) димензија.

Читај повеќе →

Посета на „Националниот музеј на филмот“ во Моле „Антонелијана“

Најпрепознатливата точка во старото градско јадро на Торино е „Антонелијана“. Она што за Париз е Ајфеловата кула, тоа за првиот главен град на обединета Италија е прекрасната кула, во која веќе пар децении е вдомен „Националниот музеј на филмот“, кој привлекува огромно внимание меѓу посетителите. Земјата на Неореализмот секако дека заслужува еден ваков музеј, кој е организатор и на се’ позначајниот Филмски фестивал во Торино, кој годинава, кон крајот на ноември, го имаше своето 43 издание, на кое се појавија еден куп филмски ѕвезди. Затоа, впечатокот е дека присуството на фестивалот на северот од „Чизмата“ беше комплетно во знакот на седмата уметност, чиј врв, се разбира, беше посетата токму на прекрасниот филмски музеј.

Читај повеќе →