Таг архива: филмополис

„Филм.мкд“, предговор

Уф, ова беше напорно задоволство!

Сè уште приказната во оваа книга не започнала да се одмотува, а веќе имаме два збора за промислување. Па да, напорно беше да се прегледаат повторно 502 емисии, а потоа од маркираните да се извадат потребните интервјуа со македонските филмаџии. Башка првите 170 епизоди беа архивирани на ВХС-касети, а моето видео одамна беше во аут. Имаше денови кога мислев само на плеј-стоп копчињата… плеј-стоп-плеј-стоп-плеј-стоп… и така во недоглед. Но, истовремено сето тоа во мене предизвикуваше огромно задоволство, затоа што сфатив дека во претходните 11 години, колку што магазинот “Филмополис“ се емитуваше во етерот, сум РАБОТЕЛ! И сум сработил еден куп квалитетен материјал поврзан со мојата голема љубов – Седмата уметност. А тоа може да се погледне само од дистанца, откако ќе излезеш од ритамот наречен – една емисија неделно, секој понеделник од 21 часот (иако магазинот три сезони се емитуваше и во 22.30, а по него следеше некој одличен наслов, како заокружување на филмската вечер на Телма, само за сладокусци).

Читај повеќе

„Филм.мкд“, рецензија

Во време кога во Македонија конечно се стави ред во филмската индустрија со носење на Законот за филмска дејност и регулирање на сите финеси во која насока треба да се движи домашната кинематографија, во време кога токму македонската кинематографија како никогаш досега продуцира по неколку целовечерни филмови годишно, давајќи им шанса и на младите автори кои претставуваат иднина на македонскиот филм, сепак се чувствува недостаток во еден сегмент од целата оваа приказна поврзана со Седмата уметност, а тоа е малиот број на филмолошки изданија на годишно ниво. Токму затоа радува фактот што на издавачката сцена имаме ново филмолошко издание, за кое апсолутно ја прифаќам синтагмата на авторот, филмско патување. Патување за кое сум сигурна дека за секој читател ќе биде вистински предизвик.

Читај повеќе

Даријан Пејовски во „Филмополис“ 501

Во ова издание на магазинот ја проследивме првата клапа на деби филмот „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски, како и лауреатите на 35 издание на „Браќа Манаки“.

Читај повеќе

Легендарната „Француска кинотека“ во јубилејниот „Филмополис“ 500

Лека-полека стигнавме и до една фина бројка, 500-тата филмска емисија, која како што доликува, ја посветивме на легендарната „Француска Кинотека“ во Париз, која бевме во можност да ја посетиме во летото 2012 година.

Читај повеќе

70 Конгрес на филмски архиви во „Филмополис“ 486

Скопје беше домаќин на 70 издание на конгресот на филмски архиви, во организација на Кинотеката на Македонија.

Читај повеќе

64. Берлинале во „Филмополис“ 474

Преглед на случувањата на првиот „А“ фестивал во годината, Берлиналето, вклучувајќи ги и лауреатите.

Читај повеќе

Фестивалско издание на „Филмополис“ 473

Фокус на отворањето на 64 издание на Берлиналето во новото издание на филмскиот магазин на ТВ Телма.

Читај повеќе

Sundance film fest во „Филмополис“ 471

Новото издание на најзначајниот фестивал на независни филмови во светот во фокусот на новото издание на филмскиот магазин.

Читај повеќе