Архива за категоријата: МЕЗАНИН

Мојата прва радиска музичка емисија беше „Анексија“ на Стотројка, која одеше од 1997 до 2003 година. По трансферот во Радио Равел, до 2009 година ја уредував и водев „Мезанин“. И ден-денес слушателите знаат да се/ме потсетат на ова радио-шоу, кое навистина го водев со срце. Од зачуваната архива на емисии може да се забележи во какви граници во тие години се движел мојот музички вкус. Башка, има и многу интересни интервјуа со домашни бендови како значајна музичка архива, а тука се и драгоцените извештаи од фестивалот „Егзит“ во 2008 година, каде настапија и Секс пистолс. Ѕирнете, случнете, истражете… во години кога класичните радио емисии на нашите радија речиси и да ги нема, „Мезанин“ може да ви претставува фино ретро слушателско искуство ;-)

Герила радио

Младинскиот образовен форум е прекрасна платформа во чиј фокус се младите и нвното критичко размислување во однос на многу актуелни општествено-политички теми. Во текот на годината се одвиваат еден куп работилници и настани, а постојан гласноговорник на фреквентните активности е Радио МОФ, кој може да се слуша 24/7.

Домаќинот Илија Гиле Ангеловски, чија емисија има завидна километража, ме покани во ценетата емисија „Герила радио“ да помуабетиме за книжевноста, музиката, филмот… за Скопје во 90-те и 2000-те, за ноќниот живот, концертите, медиумите… и сите оние работи кои животот го прават поподнослив и поубав. Баш уживав пред микрофонот после дооооолго време.

Читај повеќе

Последното издание на „Мезанин“

Иако ненајавено, ова беше последното издание на „Мезанин“, во кое судбината сакаше да слушаме три ЛП-ја од мистер Боби Марли. Hey Bobby Marley, say something good to me, ooo, this world go crazy, it’s an emergency…

Читај повеќе

Претпоследното издание на „Мезанин“

Во претпоследното издание на меѓупросторот на Радио Равел слушаме актуелна музика од домашни и бендови од светската музичка сцена: The John, Glasvegas, Frank Black, Franz Ferdinand, Foals… Вистинска уживанција 😉

Читај повеќе

Вим Вендерс во „Мезанин“

Во ова издание на меѓупросторот на Радио Равел слушаме музика од филмовите на германскиот режисер Вим Вендерс, а во целост актуелниот саундтрак од филмот „Palermo shooting“.

Читај повеќе

Нови женски џез вокали во „Мезанин“

Во првото мајско издание на меѓупросторот на Радио Равел преслушуваме еден фантастичен проект на кој се застапени сите нови женски џез вокали кои значат нешто на светската музичка сцена.

Читај повеќе

Елбоу во „Мезанин“

Во последното априлско издание на меѓупросторот на Радио Равел, новиот албум на Британците Elbow. За загревање, многу музики од Spiritualized, Jonathan Richman, American music club, Lambchop, Bonnie Prince Billy…

Читај повеќе

Деби бендови во „Мезанин“

Звукот на новите дечки од музичката сцена + музики од бендови со актуелни концерти кај нас и во околината. И да, Пети Смит ни гостува во јули во Скопје, јеееееееееееееееееее 🙂

Читај повеќе

Канда, Коџа и Небојша во „Мезанин“

Фантастичниот српски бенд ни гостува во Скопје, па токму затоа фокусот на емисијата е врз нивната музика, особено на новиот албум „Девети живот“.

Читај повеќе