Оваа филмска 2015 година во Македонија, како ретко која досега, ни понуди неколку премиери што ги задоволуваат сите критериуми на квалитетно целовечерно остварување. По филмовите „Медена ноќ“ на Иво Трајков и „Лазар“ на Светозар Ристовски, годината триумфално завршува со првенецот на Даријан Пејовски, „Три дена
во септември“.
Архива за месец: ноември 2015
Интервју во „Република“, „Филм.мкд“
Игор Анѓелков, автор на „Филм.мкд“: Отсекогаш знаев дека она што го работам еден ден ќе осамне во книга
Денес во Македонија се снимаат многу повеќе филмови од порано, но гранката која потфрлува е издавање филмска литература која ќе се надоврзе на таа тенденција, вели Анѓелков во интервју за „Република“
Разговараше: Александра М. Бундалевска
Фото: Ѓорги Личовски
„Филм.мкд“, промоција, press release
Почитувани,
утревечер започнува 14. издание на фестивалот на европски филм (Хотел) Синедејс, во чии рамки во понеделник, на 16 ноември, во 19 часот, во Галеријата на МКЦ, ќе се случи промоцијата на книгата ФИЛМ.МКД на Игор Анѓелков. За книгата ќе зборуваат Роберт Насков и Мими Ѓоргоска Илиевска.
Приказна за безимените околу нас
Интервју со Вардан Тозија, режисер
– Помина долго време откако на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, во рамките на активностите на „Сценаристичкото катче”, ја добивте наградата за развој на сценарио токму за филмот „Безимени“. Каков во меѓувреме беше животот на овој текст, дали можеби учествувате на некои слични настани пред да дојде до моментот на негова финална реализација во оваа, 2015 година?
Вардан Тозија: Сценариото за филмот „Безимени“ (сè уште под работен наслов) имаше долг и напорен, но „школски“ развој. Иницијалниот импулс го доби со учеството на EAVE, каде уште во рана фаза беше ставено „под лупа“ на голема група на интернационални филмски професионалци, пред сè консултанти за сценарио и продуценти. Следуваа уште неколку меѓународни работилници за развој, по што пристигна и валоризација за сработеното преку освоените награди на SEE Cinema Network и споменатото „Сценаристичко катче” во Битола.