Архива за месец: јули 2018

Тесла на Матка

Скопје се’ повеќе добива убави катчиња за посета, и почнува да наликува на вистинска европска метропола!

Денеска во изложбениот простор на хидроцентралата „Матка“, со професионален водич, уживавме во приказната за Тесла, изградбата на хидроцентралата на реката Треска, електрификацијата на Скопје и другите градови низ Македонија…

Ова беше навистина фино поминат ден, кој ќе се обидам да го доловам низ фотографии, затоа што една слика вреди 1000 зборови 😉

Читај повеќе

Занимливости од фудбалските Мундијали

Во пресрет на последните два натпревари од 21. Мундијал во Русија викендов (Белгија-Англија за 3. место и финалето меѓу Хрватска и Франција), а по текстот од претходната седмица насловен „Фудбал и политика“, ги негувам моите спортски афинитети со собрани занимливости поврзани со минатите светски фудбалски првенства, чисто онака, за викенд-опуштање и забава, бидејќи многу од нив се на работ на рубриката „верувале или не“. Уживкајте 😉 

Читај повеќе

Фудбал и политика

Ептен ми прави ќеиф кога ќе го видам слоганот од постерот на актуелниот светски шампионат во фудбал на рекламните паноа на стадионите низ Русија. Се разбира дека „мир“ на руски е „свет“, но за да се задржам на зададената тема, да претпоставиме дека „мир“ си е „мир“. А, за да се одржи тој посакуван „светски мир“, во историјата се воделе и војни 🙂

Иако за време на светските првенства во фудбал барем за момент забораваме на политиката, несомнено, бракот меѓу фудбалот и политиката отсекогаш одел рака-под-рака, па ме интересираше како се развивале настаните во текот на Мундијалите од 1930 година до денешен ден, што се случувало, какви приказни испаѓале во зависност од контекстот и времето во кое се случувале… и еве што забележале хроничарите, инфомрации кои се надевам дека ќе ви се допаднат и додатно ќе ги коментирате 😉

Читај повеќе