Архива за месец: јуни 2021

Тема: оригинални или пиратски ЦДа? во „Нова машина“

Во последниве години се случува вистински ривајвл на издавање на музика на винил, откако во последната декада од минатиот век, приматот го презедоа компакт дисковите. По падот на Берлинскиот ѕид и завршувањето на ривалството помеѓу Истокот и Западот, на пазарот се појавија многу пиратски ЦДа кои на овие простори се продаваа за багателни цени. Љубителите на музиката беа фатени во расчекор – т.н. „бугарски дискови“, или да се задржат на колекционирање на оригинали?

Читај повеќе

„Жените Гаврилови“ од Кица Колбе

Денес од печат излезе реизданието на романот „Жените Гаврилови“ од Кица Колбе, како 196 наслов во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. Со издавањето на ова преработено и проширено издание на романот оригинално издаден во 2008 година, успешно продолжува соработката на издавачката куќа и авторката, чии два претходни романи „Земја на бегалци“ и „Витезот и Византијката“ предизвикаа одличен интерес кај читателите.

Читај повеќе

Јас сум Дамо Сузуки!

Деновиве ми пристигна едно ЛП кое зазема посебно место во мојата домашна колекција поради неговата исклучителност. Периодот имав повеќе време за слушање на музика, и највеќе на увце ми легнаа маестралните Кен (Can), експерименталниот рок бенд кој ги одбележа крајот на 60-те и почетокот на 70-те со своите антологиски албуми. Во колекцијата ги имам легендарните „Tago mago“ (1971) и „Ege Bamyasi“ (1972), како и двојното ЛП со колекцијата на синглови од целата нивна кариера издадено неодамна, меѓутоа, љубопитноста отиде чекор понатаму, и ме интересираше што во моментов прави ненадминатиот вокал на бендот од Келн, мистер Дамо Сузуки. Сурфајќи на нет наидов на снимки од еден куп негови свирки низ светов, што значи дека човекот, и покрај дијагностициран канцер, како и годините кои веќе го навјасале, и понатаму е неверојатно активен на сцената. Една од неговите последни свирки е со групата Mugstar, од чиј настап на 28 април 2018 година во Ливерпул и настана носачот на звук кој периодов е мој секојдневен саундтрак.

Читај повеќе

Графити за Вас, прекрасни луѓе!

Отсекогаш сум ги обожувал графитите како слободна форма на изразување, бидејќи приказната е толку едноставна: имате ѕид, имате спреј во раката, добра мисла или талент за цртеж, и магијата се случува веднаш, тука и сега. И не ви треба ништо повеќе! Ова се моите два ТВ обида за сублимирање на графити искуствата во неколкуминутни прилози емитувани во магазинот „Нова машина“.

Читај повеќе