Архива за месец: октомври 2021

Лауреати на КинеНова #6

Тешко е да организираш филмски фестивал за време на (пред)изборен циклус, кога сите ги интересира само политика. Но КинеНова #6 и оваа година реализираше одлично издание, на радост на љубителите на седмата уметност, чија програма во ноември продолжува и на ТВ. За мене како програмски селектор важна беше констатацијата од жирито на завршната вечер, дека сите осум селектирани филмови во трката за наградите биле одлични. Бугарскиот режисер Петар Валчанов, потоа, Зане Балчус, колешката од ФИПРЕСЦИ, и Владо Ангелов, директорот на Кинотека, нагласија и дека, на некој начин, (речиси) сите филмови се победници, бидејќи доделија дури 5 награди на различни филмски остварувања. Еве ги нивните одлуки и образложенија.

Читај повеќе

„Еврејска работа“ од Миколај Гринберг

Денес од печат излезе збирката раскази „Еврејска работа“ од Миколај Гринберг, во превод од полски на македонски јазик на Лидија Танушевска. Ова е книгата која имаше прекрасен прием во матичната земја, и за која Нобеловката Олга Токарчук потенцираше: „Овие мали проникливи прози истовремено се трогателни и вознемирувачки. Доколку дијагнозата е точна, имаме голем проблем во Полска“.

Читај повеќе

Официјална селекција на филмови на „КинеНова“ #6

Многу се радувам што оваа година прикажувањето на официјалната селекција на филмови се враќа онаму каде што ѝ е местото – на големиот екран во затемнетата кино сала. Единствено таму публиката може да ја доживее моќта на подвижните слики на дебитантите од различни кинематографии, кои во светот полн со илузии ги создаваат можеби најсилните остварувања во седмата уметност во денешно време. КинеНова и оваа година им отстапува простор на осум моќни, нови гласови чии филмови ќе се борат за престижните фестивалски награди.

Читај повеќе

30 години од излегувањето на ремек-делото SPIDERLAND на Slint

Пристигна едно од најизвиканите ЛП-ја во 90-те, изненадување и инспирација за многумина, затоа што го снимија голобради момци од малечок град, понесени од рокенрол енергијата на сопствените емоции. Нивен втор и последен албум, чиј резултат е вонвременски, музика како создадена за ваков дождлив ден. 

Читај повеќе