По вековно исмејување, градот „Фу*кинг“ во Австрија конечно го смени името во „Фугинг“. Со години, ова гратче беше тема за потсмевање и правење шеги. Работата отиде дотаму што туристите им ги крадеа знаците, а шегобијците правеа разни ѓурултии како во епизодите на серијалот „Панк’д“.
И навистина, како би течел муабетот ако сте родум од ова гратче?
– Здраво, јас сум Ханс од Фукинг.
– Од каде?
– Од Фукинг Австрија!
– Добро, друже, најн нервозен, само прашав од каде си!?
Така, по децении недоразбирања, жителите конечно одлучија да го сменат името. Но, во што се претворија со новото име? „Fugging“ да ти значело „Фугирање“. Како да отишле кај евтин консултант кој им наплатил половина цена. Како да му рекле: „Видете, не можеме да си дозволиме промена на целото име, само дајте ни нешто, било што!“
И ете ти сега – fu.kin Fugging!!! Не е сосема вулгарно, не е сосема невино – само малку е непријатно, велат мештаните. Помалку од претходното име, тоа сигурно. И сега туристите, кога ќе дојдат, веројатно ќе стојат таму и ќе се прашуваат: „Да го крадеме знакот, или тоа веќе не е добра фора?“
Јбг. Фугинг. Nomen est omen 😉