Вчера, на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, на покана на Јулијана Милутиновиќ гостував во третата програма на медиумскиот сервис на Радио-Телевизија „Војводина“. Eмисијата „Македониум“, која водителката ја уредува од далечната 2007 година, се емитува на македонски јазик секоја среда околу 14 часот. Јуле, која ја знаете и од ди-џеј подиумите во изминатите две декади, ми постави супер прашања, избра супер музика, и чинам дека испадна едно интересно парче од 30 минути вредно за внимание. Повод беше излегувањето на мојот нов роман „Ветрилиште“. Еј да, повторно сум на радио, мојата прва медиумска љубов 🙂
Комплетната емисија можете да ја слушнете на следниот линк:
https://media.rtv.rs/ostalo/makedonium/96072
Благодарност до Јулијана за одвоениот простор, во кој во изминатите 18 години гостуваа еден куп значајни имиња од македонската стварност. Посакувам најмалку уште толку успешни емисии на единствената радио емисија на македонски јазик во етерот над Војводина 😉