Отсекогаш сум ги обожувал графитите како слободна форма на изразување, бидејќи приказната е толку едноставна: имате ѕид, имате спреј во раката, добра мисла или талент за цртеж, и магијата се случува веднаш, тука и сега. И не ви треба ништо повеќе! Ова се моите два ТВ обида за сублимирање на графити искуствата во неколкуминутни прилози емитувани во магазинот „Нова машина“.
Во првиот се занимавам со попривлечниот, уметнички дел од графити приказната. Во времето кога е сниман и емитуван прилогот (1999 година), скопските ѕидови не можеа да се пофалат со многу уметност на нив, па ова претставува фин документ за едно време кое веќе одамна е зад нас.
Во вториот, пократок прилог, ги „разголувам“ политичките графити како „потреба“ да се изрази ставот и мислењето на граѓаните во однос на превирањата на политичката сцена кај нас. Овие пораки, особено во минатото, отсекогаш ги краселе скопските ѕидови. За среќа, во последнава декада се појавија нови момци и девојки со спрејови во рацете кои околното сивило го украсуваат со поубави слики и пораки.
Пингување: Скопски графити 2.0 - Херој на еден ден