„Ја слушам Америка како пее“, Волт Витмен

„Ја слушам Америка како пее“ е песна од американскиот поет Волт Витмен (1819-1892), првпат објавена во стихозбирката „Стракови трева“ од 1860 година. Иако песната е напишана во пресрет на Граѓанската војна, таа претставува визија за Америка како хармонична заедница. Движејќи се од градот кон селото и од копното кон морето, песната ја замислува Америка како место каде што луѓето работат чесно, значајно и задоволувачко – и ја слават таа работа низ песна. Америка произлегува од работата на овие многубројни и разновидни индивидуални луѓе, а нивната работа се спојува за да формира кохерентна целина. На овој начин, според описот на песната, Америка е нација каде што индивидуалноста и единството се избалансирани, при што секое го создава и зајакнува она другото.

Ја слушам Америка како пее, разни напеви јас слушам;

Песни на механичари – секој си ја пее својата, како што треба, весело и силно;

Дрводелецот си ја пее својата додека си ги мери штицата или гредата,

Ѕидарот си ја пее својата додека се подготвува за работа или ја привршува;

Најмувачот на бродови си пее за она што му припаѓа на бродот –

морнарот пее на палубата од паробродот,

Чевларот пее додека си седи на клупата – шанкерот пее додека стои;

Песната на дрвосечачот – на орачот на својата бразда наутро, на пладневна починка или на зајдисонце;

Слаткото пеење на мајката – или на младата невеста на работа – или на девојката што шие или пере – секоја си пее за тоа што и’ припаѓа и за ништо друго;

Дење за тоа што му припаѓа на денот –

Ноќе, на забавата за младите, кршни другари,

Што си ги пеат, со отворени усти, силните мелодични песни.

@препев: Богомил Ѓузел