„Кога ќе остариш“ е лирска песна од ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс (1865-1939), првпат објавена во 1893 година како дел од неговата стихозбирка „Розата“. Се смета за обраќање до ирската револуционерка Мод Гон, кон која Јејтс имал длабока, невозвратена љубов. Песната ги истражува темите за минливоста на времето и на физичката убавина, како и трајноста на вистинската љубов. Поетот ја замолува саканата да се замисли себеси во поодминати години, размислувајќи за минатите додворувачи. Додека многумина биле привлечени од нејзината младешка убавина, поетот нагласува дека го сакал нејзиното „внатрешно јас“ и мудроста што доаѓа со возраста. Песната е базирана врз францускиот сонет на Пјер де Ронсард (1524-1585).

Кога си стар и сив и поспан
Кимајќи крај огнот, земи ја оваа книга,
И споро прочитај ја, и сонувај за мек изглед
Што твоите очи го имале, и за нивните сенки длабоки;
Колкумина го посакувале твојот момент на среќна благодат,
И ја посакувале твојата убавина со љубов вистинска ил лажна;
Но само еден човек се’ уште ја сака твојата поклоничка душа,
И ја сака тагата на твоите менувачки лица.
И се спушта крај блескавите решетки,
мрмори, малку тажно, за љубовта што се измолкнала,
Чекори под планинските висини
Криејќи го лицето меѓу толпата ѕвезди.

