„Помалку е повеќе“ е сензибилитет што многу го почитувам во било која уметност. Во книжевноста – со малку зборови да кажеш многу повеќе за комплексноста на животот; во филмот – со малку средства да креираш цел еден нов, паралелен универзум; во музиката – со малку ноти да го предизвикаш на двобој совршенството на тишината… Сето ова важи и за фотографијата како уметност: вештото око на фотографот да долови онолку работи во кадарот колку што се доволни за приближување до едноставноста на зен состојбата. Во овој прилог правиме избор на фотографии од групата едноставно насловена „Minimal photos“, каде различни фотографи од целиот свет ни го носат светот на дланка – во минимална форма. Уживајте 😉
@Minimal photos
И на крајот бонус – една скопска, крајвардарска, зимско-утринска: