Напред во вселената… со четврт бурек

Вчера астронаутите на Polaris dawn го направија првиот spacewalk на приватен човечки екипаж во вселената, со што влегоа во историјата. Управуванa од Space X, ракетата движејќи се во елиптична орбита ги оддалечи астронаутите 1400 километри од Земјата, што е најдалеку уште од времето на програмата „Аполо“ на НАСА. Тие минаа низ делови од радијациониот појас „Ван Ален“ за да ги проучат здравствените ефекти од вселенското зрачење врз човечкото тело. Подоцна во мисијата, екипажот ја изведе првата комерцијална вселенска прошетка. 30-годишната Сара Гилис е најмладата личност која учествувала во вселенска прошетка досега. Честитки!

За жал, сето ова не можеше да го следи во живо и Илон Маск, затоа што непланирано заглави со Шварци во една опасна бурекџилница во Босна. Се дешава 🙂

https://fb.watch/uzMgvF8Uiw

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *