„Oasis“ времеплов

Откако објавија дека следната година ќе направат повратничка концертна турнеја, потсетувајќи ги фановите на нивните најголеми хитови, медиумската машинерија веднаш почна да работи и од „нафталин“ да ги вади сјајните моменти од кариерата на „Oasis“ (читај: браќата Галагер) од 90-те години на минатиот век.

Едно од нив е сместено во оваа, една единствена фотографија, сликана од некој закоравен фан, каде браќата од Манчестер пред точно 30 години, во далечната 1994 година, направија интимна свирка во музичката продавница на „Virgin records“ во родниот град. За жал, на неа не присуствуваше газдата Ричард Бренсон, кој веројатно леташе некаде низ светов со неговата авио-компанија, опкружен со десетина привлечни манекенки, но тоа не беше причина дуќанот да не се исполни до последното место за време на акустичната свирка на која, за среќа, Галагерови беа ретко трезни и не се запцуја додека траеше полчасовното шоу.

Ете, имало и такви (додуша ретки) моменти во нивната кариера, кога семејната хармонија, а не заработката, им била на прво место 😉 Потоа заминаа на пивце кај своите роднини во Пекам, во тамошниот популарен паб „Коњска глава“, за да ја прослават својата растечка популарност низ Британија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *