Официјална селекција на филмови на КинеНова#7

Секогаш кога наближува новото издание на „КинеНова“, во мене се будат емоции кои предизвикуваат голема радост и насмевка на лицето. Правам мала рекапитулација во главата на последните месеци во кои со задоволство изгледав безброј дебитантски остварувања од целиот свет и ги селектирав оние најдобрите, кои сметав дека ќе бидат вистински предизвик за филмофилите во кино-салите, но и за жирито кое треба да ги додели наградите. Слатки маки, би рекол, и навистина е така. По двегодишната пандемија и малата криза во филмската индустрија, новите филмаџии ја земаа работата во свои раце и ни раскажаа безброј приказни отворајќи актуелни теми на кои публиката сигурно нема да остане рамнодушна. Токму тој предизвик низ кој поминав по петти пат ја создава таа радост кај мене, кревајќи го адреналинот на највисоко можно ниво.

Какви филмови имаме оваа година за вистинските филмски сладокусци? Хрватскиот филм на отворање е ретко видено дело од Балканот; од современата  романска кинематографија ни доаѓаат два вистински бисера; новото полско кино ни нуди уште едно возбудливо остварување; соседната српска кинематографија, освен комерцијални, прави се’ подобри и поконкурентни фестивалски филмови; истата констатација важи и за косовската и турската кинематографија, додека тенденцијата да имаме барем еден документарен филм во официјалната селекција го задоволи прекрасниот италијански филм кој силно ќе одекне меѓу гледачите.

Се’ на се’, и оваа година критериумот за квалитетни остварувања на КинеНова повторно е задоволен и од естетски и од кинематски аспект, Ви преостанува само да се опуштите во темнината на заводливиот кино-храм и да уживате во програмата. Што би посакале повеќе во овие „чудни“ пост-Ковид времиња?

smart

ФИЛМ НА ОТВОРАЊЕ

Хрватска/2022/104’

ЧИЧКО (Stric/Uncle)

Сценарио и режија: Давид Капац и Андрија Мардешиќ

Улоги: Предраг Мики Манојловиќ, Ивана Рошчиќ, Горан Богдан, Роко Сикавица, Каја Шишмановиќ

Синопсис

Југославија, доцни 80-ти. Семејството го пречекува својот омилен чичко кој за божиќните празници се враќа од Германија. Повторно собраното семејство ужива во празничниот ручек. Дружбата за момент ја прекинува ѕвонењето на паметниот телефон. Набргу станува јасно дека не се работи за 80-те години, а се чини и дека не се работи за Божиќ. Освен свечено испечената мисирка, изгледа дека со ножот може да се пресече и напнатоста во воздухот. Феноменално превртен филм од Балканот кој ретко се гледа.

Фестивали и награди

– Karlovy Vary International Film Festival 2022 – Proxima competiton – Special Jury Mention

– Pula Film Festival 2022 – National competition – Award for best screenplay, Award for best costume design

– Mediterranean and European Film Festival – Trebinje Film Festival, Trebinje, B&H 2022

Биографија

Давид Капац е хрватски сценарист, режисер и креативен продуцент. Својата кариера ја започнал со студентски кратки филмови, сите редовно прикажувани на фестивали во Хрватска и во странство, вклучувајќи го и неговиот дипломски филм, среднометражниот хорор филм „Загорски специјалитет“, премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Пула во 2011 година. По дипломирањето, Дејвид се фокусира на работа во телевизијата, постигнувајќи седумцифрена гледаност во Хрватска и регионот за емисиите што ги водел или како режисер или како креативен продуцент. Во 2017 година се врати на филмот, пишувајќи го сценариото за краткиот филм „Партија“ што ја претставуваше Хрватска во 2018 година како дел од проектот „Драма за деца“ на Европската радиодифузна унија (ЕБУ). „Чичко“ е негов дебитантски филм. Давид во моментов развива неколку проекти, меѓу кои и следниот игран филм со Андрија Мардешиќ.

Андрија Мардешиќ е хрватски филмски и ТВ автор. Успешно режирал проекти во различни жанрови: експериментални и музички спотови, документарни филмови и промоа. Сепак, фокусот на Андрија е филмот каде што се докажа со серија кратки филмови. „Ирис“ (2009), „Осаменици“ (2015) и „Стеска лисица“ (2019) се истакнаа на фестивалите во Хрватска и во странство. Со Хана Јушиќ и Дарио Јуричан тој го режираше омнибусот „Кратки кола“ за ХРТ во 2013 година, за која ја режираше и ТВ драмата „Не кажувај никому“. „Чичко“ е негов дебитантски филм. Андрија развива неколку проекти, меѓу кои и следниот долгометражен филм со Давид Капац.


Полска/2021/113’

ТИВКА ЗЕМЈА (Cicha ziemia/Silent land)

Режија: Ага Вошинска

Сценарио: Ага Вошинска и Пјотр Јакса Литвин

Улоги: Добромир Димецки, Агњешка Жулевска, Жан Марк Бар

Синопсис

Совршен пар изнајмува викендица на еден сончев италијански остров. Реалноста не ги оправдува нивните очекувања кога ќе дознаат дека базенот во куќата не е во функција. Не знаејќи дека островот се соочува со недостиг на вода, тие бараат некој да го поправи. Постојаното присуство на странец во дворот ја напаѓа нивната претстава за безбедност, и така започнуваат низа настани кои ќе ги натераат да дејствуваат инстинктивно и ирационално, соочувајќи се со најтемните нешта во нивната врска. Ова е филм после чие гледање сигурно ќе ги преиспитате и сопствените постапки во слични животни ситуации.

Фестивали и награди

– Toronto Film Festival 2021 – World premiere

– Crossing Europe Filmfestival 2022 – Crossing Europe Award

– Polish Film Festival 2022 – Nominee Golden Lions

Биографија

Ага Вошинска (1984) е режисерка, сценаристка и антрополог. Таа дипломирала во 2008 на отсекот „Социјална наука“, а во 2014 ја завршува славната Филмска школа во Лоѓ, насока „режија“. Многу години работела како асистент режисер во Полска и надвор од неа. Нејзините кратки остварувања се прикажани на бројни светски фестивали, вклучувајќи го и Филмскиот фестивал во Кан, каде дебитираше со „Фрагменти“, нејзиниот дипломски краток филм. Во селекцијата „Ноќ на реќисерите“. „Тивка земја“, кој премиерно беше прикажан на фестивалот во Торонто, е нејзин дебитантски долгометражен филм. Во моментов работи на вториот филм насловен „Црна вода“.  


Романија/2021/114’

Безгрешно (Imaculat/Immaculate)

Режија: Моника Стан, Георге Кипер

Сценарио: Моника Стан

Улоги: Ана Думитраску, Василе Павел, Цезар Грумажеску

Синопсис

Кога младата Дарија оди на рехабилитација, нејзината невиност добива заштита од  претежно машките зависници во болницата, но набрзо таа дознава дека овој посебен третман има и своја цена. Ова е уште едно ремек-дело од возбудливата романска кинематографија, филм-лауреат на најстариот филмски фестивал во светот, венециската Мостра.

Фестивали и награди

– Venice Film Festival 2021 – GdA Director’s Award, Giornate degli Autori – Award for Women Screenwriters Under 40, Luigi De Laurentis Award

– Transilvania International Film Festival 2022 – FIPRESCI Prize

– FEST New Directors/New Films Festival 2022 – Golden Lynx for Best Feature film

Биографија

Моника Стан е романска сценаристка и режисерка. Нејзината филмографија вклучува неколку кратки филмови прикажани на безброј светски фестивали. Таа присуствувала  на неколку програми за развој на играни филмови (Torino Film Lab, Script and Pitch 2011; Binger Film Lab, 2012; Venice Bienale College, 2014) и исто така учествуваше во „Лабораторијата за таленти“ во Рејкјавик 2009 година, кампусот за таленти во Сараево 2010 година, каде што беше дел и на програмата Pack & Pitch, како и на Berlinale talent campus во 2011, како еден од талентите во Script Station.

Георге Кипер е роден на 12.09.1979 година во Фоскани, Романија. Тој е кинематографер и режисер, познат по филмовите „Берзгрешно“ (2021) и „Човекот кој ќе стане слободен“ (2019).


Србија/2022/85’

Хероите на работничката класа (Heroji radničke klase/Working Class Heroes)

Режија: Милош Пушиќ

Сценарио: Душан Спасојевиќ, Иван Кнежевиќ, Милош Пушиќ

Улоги: Јасна Ѓуричиќ, Борис Исаковиќ, Предраг Момчиловиќ

Синопсис

Лидија е студена деловна жена која работи кај градежен инвеститор со сомнителен морал. Кога дивите работници на градилиштето ќе решат да станат во одбрана на своите права, местото станува амбиент каде се судираат општествените класи и моралот. Сниман дури пет години, овој прекрасен филм со победничката на ЕФА (за QUO VADIS AIDA?), Јасна Ѓуричиќ во главната улога, ја разоткрива немилосрдната корупција, капитализмот и неправдата во играта „големата риба ја јаде малата риба“.

Фестивали и награди

– Biografilm Festival 2022 – Audience Award

– Berlin International Film Festival 2022 – Nominee Panorama Audience Award

– SOFEST Film Festival 2022 – Nominee Statueta Sloboda

Биографија

Милош Пушиќ е роден 1980 година во Сента, Србија. Работи како режисер, сценарист и продуцент. Има режирано еден краток филм, „Приспивна за момчето“ (2007), кој се прикажуваше на фестивали ширум светот, а ја продуцираше и играната „Мојата утринска смеа“ (2019) во режија на Марко Ѓорѓевиќ, кој премиерно беше прикажан на МФФ во Ротердам и беше еден од најуспешните инди филмови во Србија во последните години. Моментно снима документарен филм за Драган Стојковиќ Пикси, српската и јапонската фудбалски икона. Работи и како доцент на Академијата за уметности во Нови Сад.


Турција/2021/113’

Анадолскиот леопард (Anadolu leopari/Anatolian leopard)

Сценарио и режија: Емре Кајиш

Улоги: Тансу Бичер, Атиџе Аслан, Сејтан Оздемир

Синопсис

Во најстарата зоолошка градина во Турција, осамениот управител и повлечената  офицерка влегуваат во неверојатна врска: додека ја кријат смртта на најстариот жител на зоолошката градина, анадолскиот леопард, со цел да го запрат процесот на приватизација и да го лажираат неговото бегство, тие активираат апсурдна шарада која излегува надвор од контролата. Во сивиот и тивок главен град на Турција, духот на леопардот, сепак, успева да опстои.

Фестивали и награди

– Ankara International Film Festival 2021 – Best Actor, Actress, Cinematography, Film

– Toronto International Film Festival 2021 – FIPRESCI prize

– Ischia Film Festival 2022 – Feature Film Competition Winner

Биографија

Роден во 1984 година, Емре Кајиш студирал право на Универзитетот во Анкара и филм на Лондонската филмска школа. Неговите кратки филмови беа прикажани на различни меѓународни филмски фестивали и освоија многу награди. Неговиот деби игран „Анадолски леопард“ беше премиерно прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2021 година, каде што ја доби престижната награда  ФИПРЕСЦИ. Тој е член на ЕФА и на секторот „Берлинале таленти“.


Италија/2021/88’

Криенка (Nascondino/Hide and seek)

Режија: Викторија Фиоре

Улоги: Антони и Дора

Синопсис

Низ тесните улици на современиот Неапол, документарниот филм следи четири години од животот на деветгодишниот Антони и неговата баба Дора за време на критична државна акција против криминалот, која ја загрозува иднината на Антони со принудно отстранување од домот и неправедна затворска казна. Ова е филмот кој на животот му гледа директно в очи преку животната приказна на шармантниот жител на јужноиталијанскиот град, чија иднина е однапред детерминирана од маалото во кое живее и созрева.

Фестивали и награди

– Moscow International Documentary Film Festival DOKer 2022 – Jury prize

– Zurich Film Festival 2022 – Nominee

– London Film Festival 2021 – Nominee

Биографија

Викторија Фиоре е италијанска режисерка која снима креативни документарни филмови. Дипломирала шпански и руски јазик и книжевност на UCL во Лондон, а  магистрирала документарен филм на Универзитетот ESCAC во Барселона, како и обука за техники и алатки за кино работилници за млади и адолесценти на EICTV во Куба. Покрај ова, таа држи обуки за документарен филм и менторство за млади луѓе од обесправени средини во Неапол, Рио де Жанеиро и Лондон. Викторија моментно го  развива нејзиното прво сценарио за игран филм насловен „Аида“.


Косово/2021/111’

Во потрага по Венера (Në kërkim të Venerës/Looking for Venera)

Сценарио и режија: Норика Сефа

Улоги: Косоваре Красниќи, Розафа Челај, Тристан Халилај

Синопсис

Тивката, молчалива тинејџерка Венера живее во мал град на Косово. Дома, каде три генерации се сместени заедно во мала куќа, таа речиси и нема никаква приватност. Ова е уште едно филмско остварување од младата косовска кинематографија, кое собира награди на филмските фестивали низ светот.

Фестивали и награди

– Hong Kong International Film Festival 2021 – Best actress

– Cinema Jove – Valencia International Film Festival 2021 – Jury Prize

– Rotterdam International Film Festival 2021 – Special Jury Award

Биографија

Норика Сефа е косовска филмска режисерка, писателка и монтажерка, која живее во Прага, Чешка. Магистрирала на славната школа ФАМУ Прага. Во нејзините филмови таа често ги спојува фикцијата и документаристиката. Норика е член на Европската филмска академија. Во 2020 го сними „Десде Ариба“, хибриден документарец направен под водство на Вернер Херцог во перуанската џунгла. „Во потрага по Венера“  е нејзин дебитантски игран филм, снимен во копродукција со Македонија.


Романија/2021/115’

Сина месечина (Crai nou/Blue moon)

Сценарио и режија: Алина Григоре

Улоги: Јоана Читу, Мирчеа Постелнику, Мирчеа Силаѓи

Синопсис

Млада жена се бори да добие високо образование и да избега од своето нефункционално семејство. Двосмисленото сексуално искуство со уметник ќе ја поттикне нејзината намера да се бори против насилството во семејството. Апсолутниот победник на филмскиот фестивал во Сан Себастијан уште еднаш го покажа сиот раскош на потентната романска кинематографија.

Фестивали и награди

– San Sebastián International Film Festival 2021 – Golden Seashell

– Sofia International Film Festival 2022 – Special Jury Award in Balkan Competition

– Maremetraggio International Short Film Festival 2022 – Nuove Impronte Award

Биографија

Алина Григоре е родена во Букурешт, Романија, во декември 1984 година. Се преселила во Пјатра Неамт на 7 години. Почнала да глуми на 10 години на локалните телевизија, радио, театар и во куклена група. Дипломирала на Универзитетот за театарска и филмска уметност во Букурешт во 2007 година, во класата за глума. Првата главна улога ја имаше во долгометражниот филм „Среќен крај“ (2006) на Раду Потковава. Соработувала со Театар „Комедија“ и Театар „Метрополис“. Работела со познати романски и европски филмски режисери како Кристи Пуиу, Адријан Ситару, Крег Лајнс… Доби водечки улоги во четири романски ТВ серии, играјќи во преку 500 епизоди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *