Расказот „Некролог“ објавен на пет јазици

Вчера мојата приказна „Некролог“ од збирката раскази „Двојна експозиција“ ја објави германскиот магазин „Literatur review“. Расказот може да се прочита на дури пет јазици: француски, англиски, шпански, арапски (!) и, се разбира, на германски јазик, во превод на Ксенија Чочкова.

https://literatur.review/en/fiction/obituary

Голема благодарност за отстапениот простор до редакцијата на минхенскиот часопис за литература и култура, на чии страници има одлични содржини.

https://literatur.review/de/fiktion/nachruf

„Лето е на глобалниот север (и зима на глобалниот југ), а во месец август „Literatur.Review“ ги сублимира и обете состојби, објавувајќи претходно непреведени или необјавени приказни од северот и југот на нашиот свет“ гласи најавата за серијалот приказни кои засега доаѓаат од Либија, Индија, Германија, Бангладеш…

https://literatur.review/fr/fiction/necrologie

Изберете јазик и читнете 😉

https://literatur.review/es/ficcion/obituario

Преводот на мојот расказ „Некролог“ објавен во часописот „Literatur review“, освен на германски, англиски, француски и шпански, може да се прочита и на арапски. Не познавајќи го јазикот, текстот го доживувам како визуелно уметничко дело создадено од најдобрите калиграфски мајстори кои со својата уметност создаваат нови светови 😉

https://literatur.review/ar/khyal/alny

Арапската калиграфија е уметничка практика на рачно пишување заснованa на арапската азбука. На арапски е позната како „khatt“, изведен од зборовите „линија“, „дизајн“ или „конструкција“. Од уметничка гледна точка, арапската калиграфија е позната и ценета по својата разновидност и големиот потенцијал за развој. Всушност, тaa е поврзанa со арапската култура во различни области како религијата, уметноста, архитектурата, образованието и занаетчиството, кои одиграле важна улога во нејзиниот напредок. Иако повеќето исламски калиграфии се на арапски и повеќето арапски калиграфии се исламски, двете сепак не се идентични. Коптските и другите христијански ракописи на арапски, на пример, користеле калиграфија. Исто така, постои исламска калиграфија на персиски и на историскиот отомански јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *