Скопското Кале како прекрасна можност за туристичка атракција

Синоќа на Собраниски канал гледав документарец од минатата година за Скопската трвдина Кале, во кој д-р Драги Митревски ги објасни сите историски приказни поврзани со најзначајната точка во нашиот град со векови наназад, презентирајќи и дел од археолошките артефакти кои биле пронајдени во деветте земјени слоеви.
Јас неодамна, после навистина долго време, решив градот да го набљудувам одозгора, и сфатив колку голем потенцијал има оваа средишна точка на градското јадро, од која се постила поглед на сите четири страни од Скопје. 

 

Така е во сите европски метрополи – видиковецот е една од најважните и најпосетените туристички атракции. На Кале видов неколку групи туристи кои љубопитно разгледуваа, но, за жал, на влезот ги пречека обезбедувањето кое си го миеше автомобилот со црево, потоа, нема никакви патокази, табли со информации, брошури, нема клупи кај да седнеш, ресторанот веќе не работи и е руина, телескопите на кулите се нефункционални, има неколку новоизградени објекти кои веројатно требало да бидат музеи, но не се тоа, затворени се, и секако, има многу ѓубре (пикавци, пластични шишиња, вц-хартија…) 

 

Најдобронамерно – луѓе, направете нешто, не ја бива вака!

Сакаме модерен европски град кој најтопло ќе ги пречека туристите, нудејќи им услови да се чувствуваат добредојдено, сигурно и релаксирано, а и ние, мештаните, сакаме да се чувствуваме убаво кога ја посетуваме најубавата точка во нашиот град, затоа што ова магично место има што да понуди! 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *