„Совршен поет”, Игор Исаковски

Во 90-те години се сретнувавме по сокаците на Старата скопска чаршија, која беше активна до раните утрински часови. Неговите приказни беа претежно поврзани со демоните и светлините од ноќниот скопски живот. Ја сакав неговата проза, исполнета со експлозии, трудни месечини, ерупции… особено „Писма“, која ни беше Библија во средно.

Подоцна, во новиот милениум, најчесто се сретнувавме на точак низ град. Тогаш станавме и колеги по перо и издаваштво, а разговорите пред дуќан за книжевноста, за животот… за мене беа драгоцени.

Тогаш ја засакав и неговата поезија. Долго време имењакот беше единствениот современ македонски поет што го читав, затоа што беше релевантен, универзален, свој… Игор беше човек на градот, Игор беше човек на светот… за жал, прерано замина.

Се радувам што ИЛИ-ИЛИ на едно место ги објави сите негови стихозбирки. Оваа драгоценост од вчера е достапна за читателите, оние верните, но и оние кои треба да го откријат 😉