Таг архива: претстава

Заводливата длабочина на едноставноста

Кон театарската адаптација на романот „Снег“ од Максанс Фермин

Во понеделникот во МКЦ, популарната „Денсинг сала“ во која вообичаено уживаме во концертните настани беше сосема непрепознатлива. Како да влегувате во временска машина која ве носи пар векови во минатото, во земјата на изгрејсонцето. „Виновникот“ за оваа поинаква реалност е сценографијата за претставата „Снег“, која по минатомесечната премиерна изведба повторно се врати на сцената, на исклучително задоволство на пристутните.

Читај повеќе

Да се биде Џон Малкович 2

Многу ме израдува веста кога прочитав дека Спајк Џонз и Чарли Кауфман по 25 години седнале на астал, решени да снимат продолжение на филмот „Да се биде Џон Малкович“. Фантастичната драма-комедија од 1999 година беше вистински погодок, и се’ ми се чини дека оттогаш не се појавило вакво сценарио во Холивуд, кое и покрај скептицизмот, помина одлично и кај критичарите и меѓу филмофилите. Ова беше прв целовечерен филм за тандемот сценарист-режисер, кој по овој проект сними еден куп квалитетни остварувања, кои секогаш се очекуваа со возбуда: „Адаптација“, „Онаму каде што се дивите нешта“, „Нејзе“… (Џонз); „Исповед на опасниот ум“, „Вечното сонце на беспрекорниот ум“, „Се мислам да ставам крај“… (Кауфман). Но, за жал, со новиот проект не тече сe’ подмачкано како што треба 🙁

Читај повеќе

„Бесачи“ од Мекдона во МНТ

Со поставувањето на текстот „Бесачи“ на современиот британско-ирски драматург и режисер Мартин Мекдона, нашиот театар може да се пофали дека одвреме-навреме знае да се прилагоди на современите светски текови. Едноставно, Мекдона е еден од најценетите современи драматурзи во светот, и да се има негов текст на домашната театарска сцена е потег за почит. И уште кога на ова ќе се додаде дека претставата е бомба, тогаш имате вистински погодок во целта.

Читај повеќе

„Чудна случка со кучето во ноќта“ од Хадон/Стивенс во Драмски

Поминаа векови додека повторно го пречекорив театарскиот праг. Причината не ја знам. Можеби беа пресудни љубовта кон филмот и неговото континуирано следење. А во деведесеттите, мојата декада, не беше така. Сите претстави на репертоарот на скопските театри беа гледани по неколку пати, а новото издание на МОТ ни доаѓаше како мелем на рана, прикажувајќи ни ги новите тенденции на европската театарска уметност. Но еве, случајот сакаше, како за прв пат по подолго време, да наидам на вистински театарски бисер, кој дефинитивно ме убеди дека што побргу треба да проследам што се случува на домашните „штици што значат живот“. Не сакам отрцани фрази, но и самиот живот понекогаш е и тоа како отрцан, па… 🙂

Читај повеќе