Денеска од печат излегува новиот роман од Снежана Младеновска Анѓелков насловен „Јод“, како 231 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Лауреатката која за својата прва книжевна објава „Единаесет жени“ ја доби престижната награда „Роман на годината “ на „Утрински весник“ за 2011 година, и овој пат со нејзиниот бескомпромисен и директен стил на пишување, ни раскажува за светот околу нас и она во што тој се претвори.
„Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков
Напишете коментар