На популарниот канадски писател Ијан Рид и на неговиот одличен роман „Се мислам да ставам крај“ им се погоди таа среќа-несреќа да се појават на македонски јазик токму во време кога стапи во сила препораката за карантин во следните две недели. Но тоа не не’ спречува со гордост да го објавиме неговото излегување од печат токму денес, симболично надевајќи се дека средата ќе биде среќен ден за оваа книга и дека истата ќе наиде на добар прием кај читателите. А во тоа сме потполно сигурни затоа што овој роман, кој е 180 издание во „ПРОаЗА“, се разликува од другите книги во едицијата бидејќи се работи за полнокрвен трилер, со сите карактеристики на овој популарен книжевен жанр, чиј потенцијал го препозна и Чарли Кауфман и според него сними истоимен филм за Нетфликс, чија премиера ќе се случи во текот на годинава.
„Се мислам да ставам крај“ од Ијан Рид
Напишете коментар