Тврдината „Нехај“ во Сењ

Балканот изобилува со тврдини кои најчесто служеле за одбрана во време на војна. Една од најпознатите на јадранското приморје е онаа во малиот и симпатичен град Сењ. Тврдината „Нехај“ одиграла важна улога во одвраќањето на Турците-Османлии од продирањето кон централна Европа, каде со статус на херои се стекнуваат познатите хрватски Ускоци.

Тврдината „Нехај“ е извонреден пример за средновековна одбранбена архитектура. Изградена на рид со поглед на Јадранското Море, тврдината била изградена во 16 век, поточно во 1558 година, за време на отоманско-хабсбуршките војни од страна на хрватскиот благородник Иван Ленковиќ.

Тврдината се карактеризира со своите цврсти камени ѕидови и кули, дизајнирани да издржат опсади и напади. Нејзината стратешка локација обезбедува команден поглед на околината, дозволувајќи им на бранителите да ги следат и одбиваат потенцијалните закани од морето.

Тврдината „Нехај“ е симбол на градот Сењ, и таа се наоѓа на грбот на овој симпатичен далматински град. Ѕидините на тврдината се високи 18 метри, а темелите 5.5 метри, Тврдината има пет кули. На враќање од посетата на „Голи оток“ имав можност да ја посетам „Нехај“ и бев пријатно изненаден од нејзината сочуваност и музејската содржина што им ја нудеше на посетителите.

Во внатрешниот дел може да се ужива во постојаната музејска поставка, додека надвор, поради позицијата на која се наоѓа, вообичаено се ужива во „кафе и сладолед“ со поглед на прекрасниот Кварнерски залив.

Доколку патот ве води натаму, посетете го ова интересно место, туристичка точка која изобилува со посетители, особено за време на летните одмори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *