„Во слава на Леонардо“ во Музеј на град Скопје

На 24 октомври во славниот париски Лувр беше отворена изложбата по повод 500-годишнината од смртта на италијанскиот ренесансен сликар Леонардо да Винчи (1452-1519). По еднодецениски преговори и подготовки, на најсеопфатата изложба досега се претставени околу 160 дела на славниот уметник, и освен оние кои веќе се во каталогот на Лувр, вклучувајќи ја и „Мона Лиза“, можат да се видат и дела позајмени од колекциите на други институции од целиот свет. На 26 ноември и нашиот Музеј на град Скопје, во соработка со Асоцијацијата за култура ИКОН, се приклучи кон иницијативата за славење на ликот и делото на да Винчи со изложбата насловена „Во слава на леонардо“, на која се претставени дела од 12 македонски уметници инспирирани токму од сликарското творештво на италијанскиот ренесансен гениј.

Од ИКОН посочуваат: „Во ликовната уметност Леонардо е средишна фигура во епохата на ренесансата, нејзин царски печат. Да Винчи е раскошен дух и архетип за ренесансна личност во која се остварува големата синтеза на уметноста и науката. Сликар, вајар, архитект, биолог, воен технолог, антиципатор на хеликоптерот и авионот, падобранот и уште редица други нешта кои ќе бидат остварени подоцна и ќе го потврдат неговиот поливалентен гениј. Генијален цртач и сликар, пронаоѓач на техниката на сфуматото, која ќе му даде нов тон на сликарството и ќе го помести него во просторот на безвременото, метафизичкото“.

Бернхард Холеман, ЛАДА И ЛЕБЕД III (2019); Денис Тенев, WIEN (2019)

Илија Спасовски Чендо, СТОП МОНА ЛИЗА (2019)

Дијана Томиќ-Радевска, ДАМА СО ХЕРМЕЛИН (2015); Доне Милјановски, ВО ЧЕСТ НА ЛЕОНАРДО (2013)

На изложбата која деновиве може да се посети во првиот галериски дел на Музејот на град Скопје претставени се делата на Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Доне Милјановски, Атанас Ботев, Росица Лазеска, Костадин Качев, Дијана Томиќ-Радевска, Александар Ацо Станковски, Илија Спасовски Чендо, Денис Тенев, Новица Трајковски и Бернхард Холеман. Посетете ја, има што да се види 😉

 

Атанас Ботев, КАЕРЛО V ПО ТИСИЈАНн (2003); Новица Трајковски, БЛАГОВЕСТИЕ (2014)

Ацо Станковски, ТАЈНА ВЕЧЕРА СО РИБА

Владимир Георгиевски, БЕГАЛСКА МАДОНА (2016); Костадин Качев, ЗАБОРАВЕНИ ХЕРОИ (2019)

Росица Лазеска, МОМЕНТ – СКАРАБЕЈ (2019); Павле Кузмановски – ЛЕОНАРДО ПОМЕЃУ СВЕДОЦИ (2018)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *