Главната хероина на овој возбудлив роман на Оршоја Крафиат е триесетгодишната Лиа. Нејзината приказна се одвива по линиите на нејзините две бурни врски: љубовта кон некогашната професорка од гимназија, Мари, ја открива преку огледалото на својата врска со подоцнежната шефица – некогаш маѓепсувачката, но на моменти и бескрајно грубата и нечувствителна Лили. Дали Лиа ќе успее да излезе од магичниот круг, поради кој е способна да размислува само во категориите на душевната хиерархија, замислувајќи каква било врска само во зависност од неа? Дали ќе научи да каже “не” и дали конечно ќе се прифати себеси?
Архива за месец: септември 2015
Краток осврт кон „Медена ноќ“ на Иво Трајков
Како “кец на десетка” ми дојде можноста на сребрениот екран да го гледам актуелното остварување на Иво Трајков, “Медена ноќ”, на фестивалот “Браќа Манаки” во Битола, откако пролетта, кога се случи неговата премиера во отворањето на Скопскиот филмски фестивал, не бев во можност тоа да го сторам. Два македонски нови филмови (по премирата на “Лазар”) за само два дена, и тоа не било какви, туку две квалитетни домашни остварувања – полна капа!
„Филм.мкд“, press release
Почитувани,
Ве информираме дека денеска од печат излезе книгата „ФИЛМ.МКД” на Игор Анѓелков, како јубилејна, десетта книга во есеистичката едиција на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Се работи за преглед на македонскиот филм во новиот милениум низ интервјуа со режисерите на филмовите кои авторот на книгата ги направи од 2003 до 2014 година, период кога во етерот се емитуваше неговата авторска емисија, филмскиот магазин “Филмополис”. Книгата е надополнета и со осврти и рецензии кон македонските филмови, објавувани во дневни весници и неделници со кои Анѓелков соработувал во споменатиот период.
„FX3X“ на врвот од светот
Интервју со Кристијан Даниловски
Кога размислував за репрезентативно интервју од областа на филмската уметност за јубилејниот број на МОЈ КЛУБ, изборот се наметна природно – едноставно, компанијата за визуелни ефекти „FX3X“ е најуспешниот македонски извозен бренд на филмски план. Приказната фино се заокружи на почетокот од јули со промоцијата на универзитетското помагало и збирка бизнис-студии на случај, насловена „Кршење мраз на претприемачки начин: Процеси и студии на случај за успешни претприемачи од Централна и Источна Европа“, во која македонската компанија влезе меѓу петнаесетте фирми чии стории зборуваат за освојување на меѓународните пазари, доаѓајќи од економии во транзиција, чија движечка сила е трансформацијата кон поконкурентни економии. Во исто време, се случи и скопската и светската премиера на петтиот дел од серијалот „Терминатор“, во кого прсти вмешаа и нашите аниматори. За сево ова, и многу повеќе, низ разговорот со еден од основачите на „FX3X“, Кристијан Даниловски.