Архива за месец: мај 2022

Јазикот како универзална форма на поврзување со Другиот

Кон концертот на „Dead can dance“, 23.05.2022, Македонска филхармонија

Приказната сакаше 26 години по концертот во Будимпешта, култните Dead can dance повторно да ги гледам во мојот роден град. „Spiritchaser“ во 1996 година беше албумот после кој вечното дуо Лиза Жерар и Брендан Пери одлучија да тргнат по нов музички пат, издавајќи неколку соло проекти со еднаков квалитет како и оние кои ги креираа со матичниот бенд. И ако тогаш се возев по 20 автобуски часови во еден правец до унгарската метропола само за да ги гледам „смртниците кои танцуваат“ на двочасовен спектакл на отворено, најавата од минатото лето дека бендот по реоформувањето ќе гостува во Скопје многу ме израдува. Веднаш реагирав и земав билети за магичната вечер која ќе се случи дури по осум месеци, што ми беше прв пат да се одлучам на ваков потег, следејќи ги светските трендови. И да, Скопје на 23 (и на 24 мај) беше дел од светот, бидејќи на најдобар можен начин, со овации и воодушевување, ја пречека музичката атракција која на актуелната годинашна турнеја маѓепса многу свои поклоници на Стариот континент.

Читај повеќе

Интервју со писателот Ермис Лафазановски во „Нова машина“

Отсекогаш сум ги сакал расказите на Ермис, и кога дојде време да се разговара со писател во терминот на „Нова машина“ каде, освен музиката, третирав и други теми од културата, одлуката за соговорник падна без размислување. Со Ермис не се знаевме, и некако дојдов до контакт со него. Тој сесрдно ја прифати поканата за интервју, дури и малку зачуден што некој се сетил да го стори тоа. И така, на екранот се појавија два лика: јас, млад и зелен, „уфилман“ со прашањата во тетратката пред себе, и Ермис со неколку книги зад себе. Актуелна му беше прекрасната збирка „Кога во Скопје ги беа измислија чадорите“.

Читај повеќе