Интервју со писателот Ермис Лафазановски во „Нова машина“

Отсекогаш сум ги сакал расказите на Ермис, и кога дојде време да се разговара со писател во терминот на „Нова машина“ каде, освен музиката, третирав и други теми од културата, одлуката за соговорник падна без размислување. Со Ермис не се знаевме, и некако дојдов до контакт со него. Тој сесрдно ја прифати поканата за интервју, дури и малку зачуден што некој се сетил да го стори тоа. И така, на екранот се појавија два лика: јас, млад и зелен, „уфилман“ со прашањата во тетратката пред себе, и Ермис со неколку книги зад себе. Актуелна му беше прекрасната збирка „Кога во Скопје ги беа измислија чадорите“.

Во недостаток на квалитетни разговори со писателската фела на телевизискиот медиум, еве едно интервју од далечната 1999 година во кое разговараме, се надевам, на интересни книжевни теми, односно, за „книжевност заради книжевност“ 😉

@Нова машина, ТВ Сител, 1999

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *