26 јули

Овој датум е запишан во историјата на градот како пресвртен момент, како меѓник меѓу провинцијално и современо Скопје. За жал, природната катастрофа однесе многу жртви, наши сограѓани, но градот продолжи да се развива, сеќавајќи се на тој кобен ден во 1963 година, кој засекогаш е врежан во кодот на Скопјаните.

Во постојаната поставка во симболот на овој настан, Музејот на град Скопје, може да се видат автентични артефакти поврзани со земјотресот. На фотографијата горе е оригиналниот часовник од една од шалтерските сали на Старата железничка станица во Скопје во 1938 година.

Една од поинтересните приказни поврзани со природната катастрофа е патешествието на неодамна починатиот црногорски режисер Вељко Булајиќ, кој неколку месеци престојува во Скопје снимајќи го документарниот филм „Скопје ’63“, кој заради својата уметничка вредност, бил оценет од врвни светски уметници и добил многу награди на светските фестивали. Во музејот се изложени репликите од наградите „Златен лав на св. Марко“ и „Сребрена гондола“, добиени на филмскиот фестивал во Венеција во 1964 година.

Повелете линк од филмот „Скопје 63“, кој ќе остане како потсетник на едно време кое никогаш не посакуваме да се повтори:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *