Таг архива: земјотрес

Интервју со Вељко Булајиќ

Вчера почина великанот на филмската уметност Вељко Булајиќ (1928-2024). Доживеа длабока старост, како што заслужува еден партизан. Во 2008 година беше гостин на „контраверзното“ издание на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, кој се одржа на релација Битола-Скопје. Имав можност да направам интервју со г-нот Булајиќ, кому секогаш му е драго кога се враќа во омиленото му Скопје. Токму тој беше „виновникот“ за филмот „Скопје 63“ кој одекна низ светот, и на нашиот град му го донесе потребниот публицитет и можност за помош од многу братски земји, после кој се крена како феникс од пепелта.

Читај повеќе

Кон „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963г.“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов

Синоќа во киното „Фросина“ во МКЦ се одржа настанот на годината! Во еден траорен период за сите нас, се случи промоцијата на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963г.“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов, во издание на Институтот за македонска литература. Во неа од научен аспект се претставени архивските материјали на Васил Хаџиманов, кои со децении го чекале својот љубопитен намерник да ги открие, проучи и да ги обелодени пред јавноста. Настанот имаше мултимедијален концепт благодарение на настапот на истоимениот внук, музичарот Васил Хаџиманов, кој со Вера и Оливер од „Љубојна“ надополнети со ритамот на Ратко и Виктор, создадоа магична атмосфера, соодветна на темата и достоинствена за моментот кој го живееме.

Читај повеќе

05:17, Скопје

„Се’ е спасено, кога барем еден уште памети“, гласи поднасловот на романот „Земја на бегалци“ од Кица Колбе, кој неодамна во издание на ИЛИ-ИЛИ доживеа второ издание. Но овој текст не е за децата бегалци од Егејска Македонија по Втората светска војна, чија судбина Колбе ја раскажува брилијантно во книгата, туку е поврзана со сеќавањата за уште една катастрофа, овој пат природна, која пред 60 години го погоди Скопје. Вчера и денес на неколку пункта во градот достојно се одбележува јубилејот од катастрофалниот земјотрес, со онаа стандардна порака на надеж следните генерации да не доживеат ништо слично.  

Читај повеќе

Огледало, расказ

Летото 1962 година започна со големи горештини. Од топлината сѐ се спепелуваше, добиваше сива боја, овде онде прошарана со бојата на исушено тревје. Па сепак, вели Мартин, – за мене и мојата жена почна едно убаво време. Вака-така, по неколку години, во заедница со некои пријатели, изградивме куќички во подножјето на Гази-баба, така ги заменивме изнајмените влажни собички со удобни живеалишта. По толку години откако се зедовме со жената, уште не ни беа дошле децата и денес се чини смешно дека сме биле толку несреќни талкајќи по старите скопски маала, во барање на некоја поудобна собичка, која, барем, не би била во сутерен и би имала нешто малку сонце. Колку и да ни е паметењето злопамтило, сепак се заборава на тие тешкотии, како што се заборава и на многу неубави нешта од младоста.

Читај повеќе

Земјотрес 2020

Синоќа во МКЦ во Скопје се случи „Земјотрес“ осми пат по ред. Симболично именуван како настан кој ги поместува музичките граници, се чини дека почетокот на февруари, таман откако сме го преживеале долгиот јануари, е идеален термин за сумирање на резултатите од претходната година на музички план.

„Земјотрес во Скопје удира токму во миговите кога луѓето ќе го изумат чувството за заедништво. Кога ќе снема минимален заеднички интерес, кога моралот не е веќе во мода. (…) Генерациите, музичките стилови, па и идеалите се менуваат, но алтернативната културна понуда е есенцијална за поттикнување на духот на новите, се’ побројни сограѓани со пософистицирани естетски потреби“, велат организаторите на настанот, кој имаше одлична посетеност.

Читај повеќе