Пристигна едно од најизвиканите ЛП-ја во 90-те, изненадување и инспирација за многумина, затоа што го снимија голобради момци од малечок град, понесени од рокенрол енергијата на сопствените емоции. Нивен втор и последен албум, чиј резултат е вонвременски, музика како создадена за ваков дождлив ден.

Ова е уште една плоча која излезе во магичната 1991 година, како најава на волшебните музички деведесетти години, можеби последната декада во која слушавме вистинска музика искрено и наивно верувајќи во нејзините пораки.
За љубителите на бендот, но и за оние кои сега го откриваат, клик на линкот долу, се работи за прекрасен документарец во кој протагонистите зборуваат токму за периодот на настанувањето на овој култен албум 😉