Ти ги мислиш дека се во Берлин, а тие – правец Москва! И тоа инкогнито. Едниот со кодно име Мата, а другиот Хари.
– Волио бих да те не волим…
– Еј, брат, не зафркавај сега, остај го тој севдах. Ти кажав, албумот ми се вика „Идиот“, и морав да ја почувствувам одблизу таа атмосфера, тој мирис…
– Добро, не драпај, ептен прв соло албум ти е по „Стуџис“, инаку немаше шанси толкав пат да тепаме.
– Добро бе, Берлин не ни бега, тука е. Ти си сними албум, имаш уште два во ракав, а јас го бркам духот на Достоевски. Се’ си е таман.
– Океј, океј, ајде да направиме една официјална фотка за почеток на соработката, почнуваме да стануваме сомнителни овде, на бришан простор.
Дејвид Боуви и Иги Поп на „Црвениот плоштад“ во Москва во 1976 година, пред нивната т.н. „Берлинска фаза“.