По повод утрешното отворање на 33-те Олимписки игри во Париз, потсетување на еден од нашите најуспешни спортисти. Роден во Скопје, а претставувајќи ја Југославија, Шабан Трстена освои златен медал на Олимписките игри 1984 во Лос Анџелес, а сребрен медал четири години подоцна во Сеул. Тој со тогашните 19 години се’ уште е најмладиот спортист кој освоил медал во борење во историјата на игрите,
Трстена во истата 1984 година го покажа својот талент освојувајќи златен медал на Европското првенство во борење, а успехот го повтори и во 1990 година на Европското првенство во Познањ. Неговата кариера ја заокружи со 715 победи во 741 борба. Тој учествуваше на 42 турнири во борење низ светот освојувајќи 30 златни медали, а останатите се сребра и бронзи.
Вакви спортисти се раѓаат еднаш во векот! Long live Shaban Trstena!!!