Касетите на Лу Отенс

На кој носач на звук ги слушнавте вашите први омилени песни? Се разбира, на легендарните касети. Ова е приказната за холандскиот изумител Лудовик Фредерик Отенс, кој на светот му ги „подари“ касетите кои долго време беа составен дел од сечиј дом на планетата, а во последно време се враќаат во игра, бидејќи дел од бендовите своите албуми, освен на плоча, која исто така се врати на голема врата меѓу љубителите на добриот звук, ги издаваат и на касета.

Лу Отенс (1926-2021) е роден во Белингволде, Холандија. Тој е инженерот кој „ја измисли“ касетата, а работеше и на создавањето на нејзиниот наследник – компакт дискот. Се разбира, сето ова му го овозможи една од водечките компании во светот, холандската „Филипс“, во која Отенс го помина целиот работен век.

Надоврзувајќи се на успехот на EL 3585, Philips Hasselt започна да работи на плановите за развој на пренослив касетофон. Целта за овој „џебен рекордер“, како што беше наречен, беше да биде евтин и мал, со мала потрошувачка на батерија, но со разумен квалитет на звукот. Првично, Филипс планираше да работи со компанијата RCA, користејќи ја својата касета со системски касети со RCA лента, но Отенс откри дека димензиите и брзината на лентата ги прават несоодветни за нивниот посакуван производ. Холандската компанија на крајот одлучи да развие сопствена касета, угледувајќи се на RCA производот како урнек. Отенс го започна дизајнот на касетата со сечење на парче дрво кое би го собрало во џебот од јакната. Овој дрвен блок ќе стане модел за она што подоцна се претвори во првиот пренослив касетофон, EL 3300.

Отенс раководеше со тим од десет до дванаесет работници кои имаа искуство во дизајнирање на грамофони и магнетофони за да ја развијат касетата и нејзината опрема. Додека ја развиваа касетата, групата често користеше ресурси и знаење од блиската локација во Ајндховен.

Во 1963 година, „Филипс“ одлучи јавно да го претстави касетниот систем на „ИФА“ во Берлин. Оваа прва презентација не била веднаш широко прифатена и не предизвикала голем интерес кај претставниците од аудио светот. Сепак, биле направени некои фотографии од системот на Отенс, кои подоцна ќе се искористат за производство на јапонски копии, кои беа значително поголеми од оригиналот.

Вилхелмус Хејландс, холандски градежен инженер и пронаоѓач во тимот на Отенс во „Филипс“, кој дипломирал на универзитетот во Ахен, Германија, често објаснувал дека причината за пробивот на „Филипс“ со касетата е фактот што тие го понудиле овој патент и изум бесплатно за други производители на сличен хардвер, како што се „National“ и „Sony“. Без овој потег, кој подоцна бил општо прифатен и се влегло во масовно производство, касетата никогаш немало да стане светски стандард, сметал соработникот на Отенс.

И ден-денес, кога имам време, знам да ги извадам складираните касети од шкафот и малку да ги проврткам низ рацете. Привлекува нивната форма, моливчето со кое ја враќавме лентата кон почетокот, опаковките кои содржеа насловна корица, а позади беа наредени песните, доколку се работи за оригинали. Оние другите, пак, чија вредност се ценеше дали се работи за обична, хромка или металка, беа всушност оние вистинските, зашто беа преснимувани десетици пати во зависност од сезоната и хитовите на радио програмите. Еве ја омилената, и стискаш „REC“!

Да живее касетата, првиот носач на звук од детството на многумина музикољупци!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *