Драго ми е што од 26 октомври до 1 ноември сум дел од ФИПРЕСЦИ жирито на DOK Leipzig (International Leipzig Festival for Documentary and Animated Film), најстариот независен фестивал за документарен филм, кој ја комбинира програмата со анимираниот филм.



Селекцијата е одлична и се состои од девет документарни филмови од различни светски кинематографии. Новата директорка на фестивалот Ола Штазел на отворањето ги претстави предизвиците кои ќе ги реализираат, почнувајќи од годинава, и подготвувајќи се за следното, јубилејно 70-то издание.



Фестивалот го отвори светската премиера на германскиот документарен филм “Добра вечер, убавице” на режисерката Ина Борман, кој во потрага по ликовите од контраверзната истоимена книга од 1977 година на Макси Вандер, раскажува за источно-германското општество и тамошните женски права во втората половина на 20 век.



Се’ на се’, со колегите Матијас Дел од Германија и Марко Д’Агостино од Италија во претстојните денови ќе имаме “слатки маки” да го наградиме најдобриот креативен документарец, доделувајќи му ја престижната награда на најстарото здружение на филмски критичари во светот.


