„Не стој до мојот гроб плачејќи“ е моќна елегија напишана од американската поетеса Клер Харнер (1909-1977), премиерно објавена како „Бесмртност“ во списанието „The Gypsy poetry magazine“ во 1934 година. Оваа песна е напишана за многу краток период и станала утеха за ожалостените по ненадејната смрт на нејзиниот брат.

Не стој
До мојот гроб плачејќи,
Јас не сум таму, јас не спијам
Јас сум илјадници ветришта што дуваат
Jас сум дијамантски сјај на снегот.
Јас сум сончев зрак врз зрело зрно
Јас сум нежен, есенски дожд.
Како што се будиш со утринска тишина
Јас сум брзиот, возвишен наплив
На тивките птици во кружен лет.
Jас сум денот што ја надминува ноќта.
Не стој
До мојот гроб плачејќи –
Јас не сум таму
Јас не починав.
