Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста… а во последниве дваесет години, како ко-сопственик и уредник во издавачката куќа „Или-Или“, отворено партиципира и ја креира книжевната сцена во Mакедонија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Интернационалното здружение на филмски критичари ФИПРЕСЦИ.
Својата нулта, самиздат книга „Четири“ ја објави во 1996 година под псевдонимот Ангел Горски. Официјалното деби како писател го имаше во 2006 година со збирката раскази „Кротки приказни“ (2006), која беше и првата објава во едицијата „ПРОаЗА“ од домашен автор, и чии раскази беа објавени во неколку балкански книжевни списанија. Потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013), кои исто така наидоа на одличен прием кај читателите и кои доживеаја втори изданија. Во „пандемичната“ 2020 година излезе неговиот роман „Шрапнел“, во 2022 година се врати на „почетната љубов“, расказите, објавувајќи ја збирката „Двојна експозиција“, а во 2023-тата излезе романот „Мина“. Во моментов е актуелен со новата книга „Ветрилиште“ (2024).
Анѓелков е препознатлив и по медиското третирање на филмската уметност, со кое активно се занимава од 1997 година како автор на филмската радио-емисија „REDRUM“ на Канал 103 (1997-2003), како и на филмскиот магазин „Филмополис“ на ТВ Телма (2003-2014). Досега има членувано во жиријата на неколку домашни и интернационални филмски фестивали, а од 2018 e програмски селектор на Фестивалот на дебитантски филм „КинеНова“ во Скопје. Зад себе има три публицистички дела од областа на филмската уметност: „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во 2016 година, „Филмски град“ (2018) и „Филмотопија“ (2022).
Biography
Igor Angjelkov, born 1974, graduated at the Interdisciplinary Journalism Studies, and
completed his master’s degree in Media and Communications at the Iustinianus Primus
Faculty of Law – Ss. Cyril and Methodius University in Skopje. He is actively engaged in thе periodicals with many critiques and reviews in the fields of literature, music, film… and in the last twenty years, as co-owner and editor in the “Ili-Ili” publishing house, he openly participates and creates the literary scene in Macedonia. He is a member of the Society of Writers of Macedonia and the International Association of Film Critics FIPRESCI.
In 1996 his first self-published book titled „Four“ was issued under the pseudonym Angel Gorski. His official debut as a writer was in 2006 with the short story collection “Meek stories” (2006), which was the first publication from a domestic author in the PROaZA edition, and whose stories were published in a few literary magazines in the Balkans. Furthermore, his novels “Off-road” (2010) and “Photo sintesys” (2013) had an excellent widespread reception and had re-edition. In the “pandemic” 2020, his novel “Shrapnel” was published, his new collection of short stories “Double Exposure“ in 2022, and next year a new novel „Mina“. He is currently active with the new book „Vetrilishte“ (2023).
Angjelkov is known for his film commentary in the media as an author of the film radio show “REDRUM” on Kanal 103 ever since 1997 and of the film magazine “Filmoposlis” on TV Telma (2003-2014). So far, he has been a member of the jury at several domestic and international film festivals, and since 2018 he is the program selector of the “KineNova” Debut Film Festival in Skopje. He has behind him three journalistic works in the field of film art: “Film.mkd” (2015), for which he received the “Mito Hadjivasilev Jasmin” State Prize for Journalism in 2016, “Film city” (2018) and “Filmotopia” (2022).
Bibliography
Кротки приказни (Meek stories, 2006), short stories
Крај-пат (Off-road, 2010), novel
Фото синтеза (Photo sintesys, 2013), novel
Филм.мкд (Film.mkd, 2015), film essays
Филмски град (Film city, 2018), film essays
Шрапнел (Shrapnel, 2020), novel
Филмотпоија (Filmotopia, 2022), film essays
Двојна експозиција (Double exposure, 2022), short stories
Мина (Mina, 2023), novel
Ветрилиште (Vetrilishte, 2024), novel
Контакт/Contact
igipop@post.com