„Ништо нормално“ од Симона Јованоска

Денеска од печат излегува новата книга од Симона Јованоска насловена „Ништо нормално“, како 246 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. По дебито „Ги најдов во длабокото“ (2015), ова е втора збирка со раскази на авторката, откако во меѓувреме објави и два романи, „Денот на црвот“ (2021) и „Леска Брезоска“ (2024).

„На 20 март се одбележува Денот на раскажување приказни. На овој ден раскажувачи, писатели, ученици и наставници насекаде во светот читаат или раскажуваат народни, фантастични и лични приказни. Ова се прави за да се зачува традицијата на раскажувањето и да се поттикне фантазијата кај луѓето. Фантазијата, дисциплината и поддршката од блиски луѓе се причините за настанувањето на збирката Ништо нормално“, напиша писателката на нејзиниот ФБ профил по повод излеувањето на новата книга.

На читателите им останува да проверат дали во расказите има „нешто нормално“, или се’ e веќе одамна отидено по ѓаволите 😉