М1, или „Жолтата линија“, е најстарата делница на метрото во Будимпешта, кое има уште три линии. Таа е третата по старост воопшто во Европа, по London underground и Mersey railway, а прва во овој дел од Стариот континент. Изградена е од 1894 до 1896 година од страна на германската фирма Siemens & Halske AG со помош на 2000 работници.
Сместена е само во Пешта (како и М3, не поминува низ Будим), и сообраќа од центарот на градот до Паркот на хероите и зоолошката градина, под една од најубавите градски улици, „Андраши“.
М1 содржи 11 станици: Vörösmarty tér, Deák Ferenc tér, Bajcsy–Zsilinszky út, Opera, Oktogon, Vörösmarty utca, Kodály körönd, Bajza utca, Hősök tere, Széchenyi fürdő, Mexikói út (додадена/проширена во 1973 година), и со неа дневно се превезуваат околу 100 илјади луѓе.