Архива за категоријата: Патувања

Една арапска поговорка вели (парафразирам) – Не ми кажувај од каде си и што си направил досега, кажи ми колку и каде си патувал во животот, и ќе знам каков човек си.

Амулјани

Не го давам Јадранско море, но поради близината, и особено кога имаш деца, Халкидики е пологичен избор. Од пријатели и познаници веќе неколку години наназад добивавме фини оценки за малото островче Амулјани, и оваа година падна одлука да се помине летниот одмор токму таму.

Читај повеќе

Водопад ДУФ, Ростуше

Пред влезот во националниот парк „Маврово“ има една табла десно на која пишува „село Дуф“. Немој да се зезнете и да се упатите надолу, таму не се наоѓа еден од најубавите водопади во Македонија (секако, ние ја знаевме приказната  ). Продолжете да возите кон Дебар, и додека уживате крај убавините на дивата Радика, го поминувате велелепниот Свети Јован Бигорски, и доаѓате на крстопатот каде треба да свртите нагоре, кон рустикалното Ростуше. Таму, на влезот од селото, си има уредно наместени табли кои ја означуваат патеката кон водопадот Дуф, кој всушност се наоѓа на Ростушка река. 

Читај повеќе

Полуостров „Пељешац“, Хрватска

Вообичаена пракса при гостување на една писателска резиденција е да имате книжевно претставување во градот во којшто претстојувате, меѓутоа, поради екстремно зголемениот број на туристи и бегството на мештаните и локалната книжевна и културна сцена којзнае каде подалеку од Сплит, мудар потег на домаќинот Маја Вранчиќ и нејзината „Удруга Курс“ беше гостувањето на прекрасниот полуостров Пељешац, кадешто, заедно со хрватските автори Игор Рајки и Дени Борозан, во две последователни вечери, дискутиравме на тема „Книжевност во живо: Разговараме за идентитетот“ и „Низ книжевни средби до ревитализација на заборавените места“, притоа, секако, претставувајќи го и сопствентото творештво пред заинтересираната публика. 

Читај повеќе