Еден од најинтересните бендови во првата декада од новиот милениум на домашната сцена, „Дени те чува“, неколку пати беа гости во емисијата. Ова е во очи на излегувањето на новиот материјал. а се навраќаме и на нивниот настап во живо претходниот пат, кога снимивме неколку песни кои останаа во архивата на радиото.

Шон, Јане, Коста и Кечо се супер забавни за разговор, слушнете како течеше муабетот со нив надополнет со многу смеење, зезанции и со еден куп квалитетна музика.