По се’ изгледа, синоќа го дофативме оној магичен момент што нетрпеливо се очекува да се случи на промоциите. Тоа ми го посведочија присутните со насмевките на нивните лица, и тоа е најважно: кога посетителите се супер задоволни. Драги пријатели, Ви благодарам на Вашето присуство на синоќешниот настан во „Буква“, полно ми е срцето!
Голема благодарност до одличните промотори Ana Martinoska и Maksim Risteski кои ја разголија „Мина“ речиси до детаљ, и секако, до Филип Димевски од „Бегемот“ за сесрдно отстапениот простор на фестивалот „АртАреА“.
Исто така, благодарност и до уредничката Весна Јовановска-Дојчиновска и новинарката Нина Стефанова од ТВ Телма, кои беа единствениот електронски медиум кој извести за промоцијата на книгата во рамките на ретката рубрика „Култура“ во вечерните „Вести“.
Неколку дена подоцна, Стефанова направи комплетен прилог, или што би рекле Англосаксонците, extended version, кој се емитуваше во рамките на „Утринска на Телма“.