По се’ изгледа, синоќа го дофативме оној магичен момент што нетрпеливо се очекува да се случи на промоциите. Тоа ми го посведочија присутните со насмевките на нивните лица, и тоа е најважно: кога посетителите се супер задоволни. Драги пријатели, Ви благодарам на Вашето присуство на синоќешниот настан во „Буква“, полно ми е срцето!

Голема благодарност до одличните промотори Ana Martinoska и Maksim Risteski кои ја разголија „Мина“ речиси до детаљ, и секако, до Филип Димевски од „Бегемот“ за сесрдно отстапениот простор на фестивалот „АртАреА“.



























Исто така, благодарност и до уредничката Весна Јовановска-Дојчиновска и новинарката Нина Стефанова од ТВ Телма, кои беа единствениот електронски медиум кој извести за промоцијата на книгата во рамките на ретката рубрика „Култура“ во вечерните „Вести“.