„Книжевните разговори со Игор Анѓелков ги почнавме уште во времето кога ја објави збирката раскази „Кротки приказни“ и некако сосема природно како повод за средба со него се наметна излегувањето на неговата најнова книга „Двојна експозиција“.
Драгиот Тони Димков во воведот од текстот ме/не’ потсетува на една долгогодишна соработка, која, еве, се крунисува со ова прекрасно интервју, кое ми причини големо задоволство.

„Многу литерати велат дека да се напише добар расказ е потежок чин, бидејќи на помал простор морате да распостелете сѐ што сте сакале да кажете, и тоа е сосема точно. Бидејќи, белетристиката има иста функција како и игрите. При играњето, децата учат да живеат, затоа што замислуваат ситуации во кои би можеле да се најдат како возрасни. И токму преку белетристиката, ние како возрасни си ја тренираме способноста да го „заробиме“ минатото и сегашното искуство во форма прифатлива за сите“.
E навистина дадов се’ од себе Повелете линк до целото интервју: