На светот му требаат што повеќе убави човечки приказни. Ова е една од нив
„Оние што не знаат да читаат, не крадат книги, а оние што знаат – не се крадци!“
Ова е 72-годишниот Мохамед Азиз, најфотографираниот книжар во светот. Тој е најдолговечниот продавач на книги во градот Рабат, Мароко.
Продавањето книги во земја во која 26% од населението сè уште не знаат да читаат е чин на љубов кон неговиот град и литературата. Бидејќи бил сирак од својата 6-та година, Азиз имал тежок живот, не можел ниту да го заврши средното училиште бидејќи учебниците му биле прескапи. На 15-годишна возраст во 1963 година, тој ја започнал својата кариера како продавач на книги со килим послан под едно дрво и со 9 наслови во понудата.
Денес неговата книжарница продава илјадници книги и тој ги поминува деновите заробен во книги и ги голта приказните што излегуваат од нив. Тој поминува меѓу 6 и 8 часа дневно читајќи. Прави пауза само кога јаде, се моли, пуши и им помага на клиентите. Во преостанатото време шета низ населбите во потрага по книги кои подоцна ги става на продажба во својата книжарница.
Тој вели дека ова е неговата одмазда кон детството и сиромаштијата: „Имам прочитано над 4000 книги на арапски, француски, англиски и шпански, значи дека сум живеел повеќе од 4000 животи. Секој треба да ја добие таа шанса! Доволни ми се само две перници и книга за да уживам во мојот ден“.
На прашањето зошто ги остава своите книги без надзор надвор, каде што може да се украдат, тој одговора дека оние што не знаат да читаат, не крадат книги, а оние што знаат – не се крадци.
извор: Алан Атвуд, Ancient Archaeology