Сопственик на книжарница во Саутемптон, Англија, побарал помош бидејќи се селел во друг дуќан поради високата кирија. Човекот бил изненаден од одзивот на 250 луѓе, меѓу кои имало помлади, постари и лица со попреченост. Тие формирале човечки синџир во кој префрлиле неколку илјади книги, и тоа од рака на рака од старото место на новото, на растојание од 152 метри, и сето тоа за нешто повеќе од еден час.






