Пристигна мојата ПЛОЧА НА ГОДИНАТА!
Легендарната „Симфонија број 3“, или „Symphony of sorrowful things“ op. 36 на полскиот композитор Хенрик Горецки, овој пат во интерпретација на моќната Бет Гибонс од „Портисхед“ и Полскиот национален радио симфониски оркестар, под диригенство на уште едно легендарно име, маестро Кшиштоф Пендерецки.
Повеќе за значењето на ова дело, едно од најпознатите, најпопуларните и најизведуваните во класичната музика во 20 век на следниот wiki линк:
https://en.wikipedia.org/wiki/Symphony_No._3_(G%C3%B3recki)
Прочитајте, истражете, текстовите и приказната околу нив се длабоки, полни со симболика.
А како сето тоа звучи, во консултација со свети Јутјуб, од концертот одржан 2014 година во Варшава:
и мојот омилен, втор дел:
Уживајте